Зошто децата стануваат понемирни кога се со родителите?

Дали ви се чини дека децата почнуваат со „лумпување“ во секундата кога некој од родителите ќе влезе во просторијата? Не сте единствени.

Дури и највоспитаните деца се претвораат во мали „чудовишта“ кога е мајката со нив. Изгледа требаше да излезе лажен извештај за непостоечко истражување на оваа тема за да почне да се раговара за тоа.

Лажното истражување, што наводно било спроведено од Катедрата за психологија на Универзитетот на Вашингтон, за кратко време се рашири вирално, благодарение на убедливиот наслов: „Децата се 800% полоши кога се со мајките“.

Можеби истражувањето беше лажно, но тврдењето не е.

„Децата одат до крајни граници, ‘паѓаат во несвест’, прават сѐ најлошо кога нивните родители се присутни бидејќи со нив се чувствуваат безбедно и заштитено“, објаснува Кристал И. Ли, лиценциран психолог која работи 15 години во полето на психотерапија и ментално здравје, со фокус на деца и родители.

„Тргнете од себе. Сигурно се однесувате поприбрано и поформално околу странци бидејќи не сте  сигурни како ќе реагираат на вас. Меѓутоа, кога сте со пријатели или семејството, вие сте витински свои и се чувтвувате безбедно знаејќи дека ве сакаат дури и кога не ви е денот. И децата се однесуваат исто!“

Меѓутоа, ова не е единствената теорија.

Педијатарот Стив Силвестро во неговото објаснување на темата нуди две други опции:

Барање внимание:

„Децата честопати покажуваат поекстремно однесување кога се обидуваат да добијат нешто од нас. Децата нѐ сакаат и се желни за нашето внимание... дури и негативна реакција е подобра од никакво внимание“, објаснува тој.

Вие не сте доследни:

„Поинтересната теорија е дека ние како родители сме понедоследни во нашите реакции во споредба со многу други возрасни во животите на нашите деца. На пример, наставниците и наставничките треба да се грижат за повеќе деца истовремено, па чисто водени од инстинкт за преживување, се држат доследно на правила и рутини и помалку попуштаат во споредба со родителите кога станува збор за лошо однесување. Ако на детето три пати му се каже да престане да прави нешто пред родителот да стане и физички да го спречи да го прави тоа, иако понекогаш таквото однесување нема да биде толерирано, а во други ситуации ќе биде, тогаш лошото однесување ќе биде потешко за скротување.“

реклама

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Живот

Како да ја поттикнете домашната мачка да биде физички поактивна?

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Што ако се омрсите за време на постот?

Read more

Работи што треба да ги земете предвид пред да вдомите птица за милениче

Read more
 

Магазин

Најевтината храна за појадок го намалува холестеролот и дава енергија

Читај повеќе

Како да ја поттикнете домашната мачка да биде физички поактивна?

Читај повеќе

Како пилешкиот џигер да биде мек, а не тврд?

Читај повеќе

Што се случува во телото по само пет дена јадење брза храна?

Читај повеќе

По пет години во кал iPad помогнал да се реши случај на кражба и обид за убиство

Читај повеќе

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Читај повеќе

Која храна најмногу ги оштетува забите?

Читај повеќе

Каков чај треба да пиете ако имате проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Бактериската вагиноза не е само женска болест

Читај повеќе