Зошто денешните деца се непристојни?

Децата се најголем благослов во животот, но постојат моменти кога поради нивното лошо однесување и непристојност ни одат на нерви. Ема Џенер, позната професионална дадилка, има пeт совети за родителите кога станува збор за воспитувањето на децата. Според неа, воопшто не ни се причинува дека денешните, модерни деца се навистина помалку пристојни од претходните генерации.

Таа одвојува пет причини за кои смета дека се клучни за лошото однесување на детето:

1. Недостаток на заедница

Модерните родители толку се трудат да бидат самостојни во одгледувањето на децата и мислат дека секој кој ќе се обиде да помогне, ја преминува границата, па дури и ако станува збор за баба и дедо. Постарите генерации, наспроти денешните, знаеле дека вклученоста на другите членови од семејството во животот на децата е многу важен. Така ги учите децата да ги почитуваат возрасните. Во спротивно, децата ќе израснат со мислење дека нема потреба и причини да бидат емотивно поврзани со други луѓе.

2. Премногу сме толерантни

Многу често родителите се толерантни во случај на лошо однесување на децата бидејќи сметаат дека се премалечки за да ги сфатат нивните постапки. Мислиме дека децата се наивни и невини, но со тоа не им правиме услуга. Децата учат многу брзо и затоа е важно навреме да го коригираме нивното лошо однесување, за да не развијат лоши навики.

3. Родителите помалку комуницираат со децата

Со години наназад децата ја имале таа среќа да слушаат радио во текот на патување со автомобил или да се будат порано во сабота за да ги гледаат омилените цртани филмови. Сега, децата имаат таблети, ајпод уред и друга технологија со чија помош уживаат во омилената музика, филмови, емисии.

Покрај сета таа забава родителите не мора да создаваат интеракција со децата како некогаш. На децата им е потребен развој на меѓучовечки односи и не треба прерано да ги правите независни.

4. Родителите се емотивно уценети

Модерните родители треба да сфатат дека децата нема засекогаш да бидат мали. Кога им давате привилегии бидете сигурни дека тие доаѓаат здружени со одговорности. Доколку се вклучени во некои дополнителни активности дајте им до знаење дека некои работи мора сами да ги прават, како подготовка за училиште и станување навреме.

5. Децата заземаат премногу време во распоредот на родителите

Децата би требало да бидат во центарот на родителите, но и на мама и на тато им треба време за себе. Тоа не само што е добро за родителите туку е важно децата да разберат дека родителите имаат право на сопствен развој. Родителите треба да сфатат дека нивното постоење не е само поради децата, а децата треба да научат дека секој заслужува грижа и почит.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Живот

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Како пролетното чистење делува на нашата психа?

Read more

Што претставува бизарниот Синдром на најстара ќерка?

Read more

Нова ера на британскиот двор: Нови откритија за кралското семејство

Read more
 

Магазин

Дерматолог открива каде најмногу грешиме со негата на кожата во пролет

Читај повеќе

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Читај повеќе

Бременост после 40-тата: Што треба да знаете?

Читај повеќе

Како пролетното чистење делува на нашата психа?

Читај повеќе

Има повеќе видови отколку што мислевте: Зошто треба да јадете ротквици?

Читај повеќе
  • filter

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Читај повеќе

Белуга китови, мразокршач и класична музика - необична морска приказна

Читај повеќе
  • play_arrow

Храна што неверојатно го намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе ја решите Ајнштајновата загатка? Успеале само 2% од луѓето

Читај повеќе