Живот

Зошто двојките одлучуваат да имаат само едно дете?

25. март 2019 - 12:06 | А.С.

Да се биде родител е едно од најубавите чувства на светот, тоа ќе ви го кажат сите родители. Но, науката покажува дека родителството исто така е најголемиот извор на тага.

Научници од Универзитетот Вестерн Онтарио и Институтот за демографски истражувања „Макс Планк“ дојдоа до одговор на прашањето зошто некои двојки се одлучуваат да имаат само едно дете.

Во истражувањето биле анализирани одговорите на повеќе од 20.000 испитаници и било следено нивното ниво на среќа и емоционалната состојба три години пред раѓањето на првото дете и две години по раѓањето на детето.

Научниците открија дека луѓето обично се посреќни пред да станат родители. Таа среќа се зголемува за време на бременоста и најчесто се задржува во текот на првата година од животот на детето. Оттука почнува да се раѓа тагата.

Според текстот за истражувањето објавен во Washington Post, ако ја споредиме тагата предизвикана од родителството со други тажни настани во животот, како невработеност или смрт на партнерот, да се биде родител сепак е она што нѐ прави најтажни.

Истражување објавено во списанието Demography покажува дека  причините за тоа може да бидат: здравствени проблеми пред и после раѓањето на детето, компликации за време на породувањето и општото исцрпување што доаѓа од физичкото и психичкото одгледување на детето.

Научниците исто така открија дека родителското искуство и емоционалните состојби што се јавуваат со првото дете влијаат врз одлуката дали родителите ќе решат да имаат уште едно или повеќе деца.

Ако двојките останат среќни повеќе од една година по раѓањето на првото дете, најверојатно ќе се одлучат за второ, додека постарите родители или оние со повисок степен на образование ќе останат на едно, поучени од „лошото“ искуство.

Коментирај