Филм & ТВ

Зошто Џорџ Клуни нема да биде новиот Џејмс Бонд?

15. март 2019 - 16:28 | Б.С.Б.

Славниот актер Џорџ Клуни самиот се исклучи од можноста тој да биде новиот Џејмс Бонд, велејќи дека повеќе личи како дедо на агентот 007. Тој уште еднаш изјави дека би сакал во таа улога да го види актерот Идрис Елба, пренесува Metro.

„Кажав еднаш, ќе кажам повторно. Идрис Елба треба да биде новиот Бонд. Тој е елегантен и згоден. Тој треба да биде Бонд. Зачуден сум како сè уште не му ја понудиле улогата, тој е вистинскиот човек за неа“, изјави Клуни.

За жал, Идрис Елба претходно изјави дека тој нема да биде Бонд бидејќи не е заинтересиран за таа улога, сметајќи дека засекогаш ќе го дефинира во кариерата.

Во интервју за Event тој во една прилика изјави:

„Бонд е таков познат лик кој постои со години. Јас создавам ликови сега кои ќе продолжат да живеат покрај Идрис. Не ликови кои ќе те преземат и ќе те дефинираат“, изјави британскиот актер.

Новиот Bond 25 се очекува да пристигне во кината на 8 април 2020 година. Рами Малек најверојатно ќе биде новиот негативец, а Даниел Крег за последен пат ќе го глуми тајниот агент 007.

Коментирај