Живот

Зошто е добро да бидете „мамин син“ или „татина ќерка“?

6. август 2018 - 9:45 | А.С.

Можеби редовно добиваат шеги на нивна сметка, но „мамините синчиња“ имаат помал ризик да развијат нарушување на менталното здравје или да бидат непопуларни на училите, покажа едно најново истражување.

Истото важи и за „татините ќерки“, кои го добиваат истиот тип на кревање на самодовербата од родителот од спротивниот пол.

Во заклучоците од истражувањето на Marriage Foundation стои дека момчињата и девојчињата кои се блиски со родителот од спротивниот пол подобро се снаоѓаат со тинејџерските проблеми.

Момчињата за кои се смета дека се „многу блиски“ со мајките на 14 години имаат за 41% помал ризик да развијат проблеми со душевното здравје, а девојчињата кои се блиски со татковците имаат за 44% помали шанси да имаат емотивни проблеми или несогласувања со врсниците.

Момчињата се посреќни кога имаат родители кои се во брак, а девојчињата се чувствуваат посигурни ако родителите покажуваат дека имаат квалитетни односи.

Во анализата во која беа вклучени податоци од Millennium Cohort за за 11.000 мајки, беше заклучено дека најголемиот фактор што влијае врз нарушување на душевното здравје кај тинејџерите е распаѓањето на семејството.

Хари Бенсон, истражувач во Marriage Foundation, кој заедно со професорот Стив Мекеј од Универзитетот Линколн е коавтор на истражувањето, вели: „Нашата анализа покажа, уште еднаш, дека распаѓањето на семејството е број еден поттикнувач на душевните проблеми кај  тинејџерите. Новото сознание што за нас е многу интересно е што момчињата и девојчињата се под силно влијание на односот со родителот од спротивниот пол.“

„Момчињата кои се блиски со мајките имаат подобро ментално здравје, како и девојчињата кои се блиски со татковците. Фактот дека оваа поврзаност се однесува само на едниот родител, а не на двајцата, укажува дека блискоста со родителот се одразува на менталното здравје на детето, а не обратно“, вели тој.

Коментирај