Зошто е добро да јадете банани навечер

Бананите се извор на калиум, растителни влакна, витамин B6, магнезиум и витамин C. Даваат енергија и се одличен избор за задоволување на потребата од овошје во секојдневната исхрана.

Има неколку причини зошто е добро да јадете банана навечер.

Внесувате повеќе витамини

Јадењето храна богата со калиум го намалува ризикот од висок крвен притисок. Банана со средна големина содржи околу 420 мг калиум, а дневната препорачана доза за возрасни е 4.700 мг калиум. Јадењето банана навечер е одличен начин да ја внесете вашата дневна доза калиум. Исто така, со јадење банана навечер внесувате повеќе витамин B6.

Една банана со средна големина обезбедува околу 8% од дневната препорачана доза магнезиум. Ако често ви се јавуваат грчеви на мускулите ноќе, бананата помага во намалување на ризикот од ноќни грчеви, бидејќи содржи калиум и магнезиум, два многу важни електролити.

Растителни влакна

Една банана со средна големина обезбедува околу 3 гр растителни влакна. Мажите до 50 години треба да внесуваат најмалку 38 гр растителни влакна дневно, а жените до 50 години најмалку 25 гр. Растителните влакна се корисни за системот за варење, за здраво срце и за намалување на ризикот од дијабетес тип 2.

Ќе го засити вечерниот глад

Ако сте во искушение да каснете нешто доцна навечер, изберете банана. Ќе го засити вашиот глас, особено за нешто благо, а ќе ви даде доза витамини и минерали. Затоа изберете банана наместо колачиња.

Мелатонин и добар сон

Мелатонинот е хормон што се ослободува како реакција на темнината, предизвикува поспаност и ја намалува способноста за брзо реагирање. Мелатонинот останува покачен во текот на ноќта и се намалува наутро и во текот на денот. Адекватното ниво на мелатонин е важно за одржување на здрава шема на спиење.

Некои видови храна, како бананите, се богати со аминокиселината триптофан, што му претходи на лачењето мелатонин. Затоа е добро за здрав сон да јадете банана пред спиење. Бананите исто така содржат антиоксиданси кои ќе го штитат вашето тело во текот на ноќта.

Регулатор на стомачни киселини

Бананата е одличен избор за ужина за луѓе кои имаат киселини или чир на стомакот бидејќи ова овошје не го иритира ваквите состојби. Има многу мал процент на луѓе со стомачни проблеми кај кои бананата има обратен ефект, така што пробајте дали бананата ви годи кога не сте јаделе нешто друго што сигурно ви го иритира стомакот.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе