Зошто е добро да се пие безалкохолно пиво после вежбање?

Ф.З.
/ 31.01.2023 / 09:31

За многу луѓе кои трчаат, возат велосипед или вежбаат често, пиењето пиво и вежбањето се речиси нераскинливо поврзани. Но, за перформанси, закрепнување и здравје, безалкохолното пиво е веројатно многу подобар избор и може дури да биде добро или подобро од обичните спортски пијалаци.

Истражувањата покажуваат дека активните фит луѓе можат да пијат големи количини алкохол. Студијата од 2022 година, соодветно насловена „Фит и пивни си“ објавена во списанието Medicine & Science in Sports & Exercise, покажа дека мажите и жените со релативно висока аеробна кондиција имаат повеќе од двапати поголема веројатност да пијат умерено или обилно од оние кои се помалку фит.

Постојат многу причини за ова. Вежбањето има здравствена аура, оправдувајќи ги, за некои од нас, нездравите навики. Социјалната природа на вежбањето, исто така, често води до посета на барот по возењето велосипед или часовите по јога.

„Пивото се користи за дружење после вежбање, прославување на спортска победа и утеха по загуба“, според авторите на прегледот за вежбање и алкохол од 2021 година насловен „Имате пиво?

Истражувањата, исто така, сугерираат дека алкохолот, вклучително и пивото, може да влијае на тоа колку добро нашите мускули се зајакнуваат и растат по вежбањето и, не е изненадувачки, да го намали времето на реакција и рамнотежата.

Така, некои истражувачи почнаа да се прашуваат дали безалкохолното пиво може да биде подобар, поприфатлив, па дури и препорачан пијалак за активните луѓе.

Првите индиции дојдоа во многу дискутираната студија од 2012 година на 277 мажи кои се пријавиле за маратонот во Минхен. Научниците побарале од половина од нив да почнат да пијат околу две до три литри безалкохолно пиво секој ден три недели пред трката и две недели по трката. Останатите пиеле плацебо со сличен вкус како контролната група. (Студијата беше финансирана од германска пиварница, но истражувачите во студијата рекоа дека производителот на пиво немал влијание врз дизајнот или анализата на студијата).

Помалку настинки и воспаленија

Истражувачите ваделе крв пред и неколку пати по трката, а исто така побарале од мажите да пријават какви било симптоми на респираторна инфекција. Настинките и другите горно респираторни инфекции (УРТ) се чести по маратон.

Но, оние кои пирле пиво без алкохол се чини дека се релативно заштитени.

„Инциденцата на УРТИ (параметар за опасности од воспаленија на дишните патишта, заб. на прев.) беше 3,25 пати помала кај оваа група отколку во контролната група“, напишаа авторите на студијата. Оние кои пиеле пиво, исто така, покажале пониски маркери на воспаление и други индикатори за генерално подобрен имунолошки одговор во крвта.

„Ги припишавме овие придобивки на полифенолите од пивото“, рече Дејвид Ниман, професор по биологија на Државниот универзитет во Апалачи, кој е коавтор на студијата.

“Полифенолите се природни хемикалии кои се наоѓаат во растенијата кои често имаат антивоспалителни и антиоксидантни својства“, рече тој. Пивото, вклучувајќи ја и алкохолната верзија, обично е богато со полифеноли, а бројот и видовите зависат од пиво до пиво.

Но, „алкохолот во обичното пиво веројатно ги поткопува сите корисни ефекти на полифенолите“, вели Мариа П. Портиљо, истражувачка во Истражувачкиот институт „Карлос III“ во Шпанија. Во декември, таа и нејзините колеги објавија студија во која ги разгледаа достапните, иако ретки, податоци за пивото, полифенолите и кардиоваскуларното здравје.

„Она што е точно е дека полифенолите, присутни во конвенционалното и безалкохолното пиво, покажуваат интересни антиоксидантни ефекти“, рече таа за своите наоди. „Но, алкохолот може да предизвика и воспаление“, продолжи таа. Така, „во случај на конвенционално пиво, корисните ефекти на полифенолите може да бидат маскирани со негативните ефекти на алкохолот“.

Во пивото без алкохол, од друга страна, полифенолите треба да го смират воспалението, без мешање на алкохол.

Кога треба да се пие безалкохолно пиво?

Безалкохолното пиво, исто така, се чини дека е корисно за хидратација. Во една студија од 2016 година, ако спортистите пиеле безалкохолно пиво 45 минути пред исцрпувачкиот тренинг, тогаш биле помалку дехидрирани од оние со подобар сооднос на натриум-калиум. Пиењето безалкохолно пиво „може да помогне во одржувањето на хомеостазата на електролитите за време на вежбањето“, заклучија истражувачите.

Со други зборови, „безалкохолното пиво може да биде разумен пијалак за закрепнување“, рече Јоханес Шер, главен лекар и раководител на Универзитетскиот центар за превенција и спортска медицина во Универзитетската болница „Балгрист“ при Универзитетот во Цирих, кој исто така беше главен автор на маратонската студија од 2012 година.

Ниман се согласува. „По долги и енергични тренинзи, безалкохолното пиво обезбедува вода, полифеноли и јаглехидрати“, рече тој, кои заедно „ќе помогнат во обновувањето на метаболизмот“.

Исто така, има значајна предност што е речиси целосно природно, што е невообичаено меѓу спортските пијалаци. „Една од целите на мојата истражувачка група е да покажам дека спортските пијалаци можат да се заменат со поздрави алтернативи“, рече Ниман. „Безалкохолното пиво би спаѓало во таа категорија“.

Сепак, ниту едно од овие истражувања не сугерира дека вежбачите треба да почнат да пијат безалкохолно пиво ако не уживаат во вкусот или се грижат дека безалкохолното пиво сега може да поттикне алкохол подоцна.

Овие пијалаци исто така содржат калории, обично околу 50 до 90 по лименка или флаша, помалку од повеќето спортски пијалаци, но не и нула, што е важно за контрола на тежината.

И, се разбира, пивото за време на вежбањето, дури и да е безалкохолно, нема да има корист за вашиот гастроинтестинален тракт. Пивото е газирано и веројатно ќе предизвика непријатност, подригнување, гадење или уште полошо.

Значи, кога е најдобро време да се напиете безалкохолен пијалак ако вежбате?

„Ако ги земете предвид полифенолите и нивната антиинфламаторна активност, веројатно нема голема разлика“, вели Шер. „Но, за рехидратација треба да се пие првенствено после спортување“.

Тагови
реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Фит

Пет висококалорични намирници кои треба да ги јадете

Read more

Колку чекори треба да правиме дневно за да слабееме?

Read more

Дали само пешачење е доволно за да бидете фит и здрави?

Read more

Зошто луѓето кои вежбаат се посреќни од оние кои немаат физичка активност?

Read more
 

Магазин

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Читај повеќе

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Читај повеќе

Пет висококалорични намирници кои треба да ги јадете

Читај повеќе

Зошто е важно да им дозволите на децата да прават грешки додека растат?

Читај повеќе

Колку чекори треба да правиме дневно за да слабееме?

Читај повеќе

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Читај повеќе

Како да ги ублажите симптомите на алергија во пролет?

Читај повеќе

Дали само пешачење е доволно за да бидете фит и здрави?

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми

Читај повеќе