Придобивките од добриот развод наспроти лошиот брак се безбројни, а веќе пишувавме за неколку од нив. Овој пат, одвоивме 11 причини зошто е подобро да бидете сами отколку во лош брак.
Блогери на Huffington Post издвоија 11 причини поради кои е подобро да свртите нова страница во животот.
1. Бракот ви дава чувство на сигурност, но разводот ви дава олеснување и нова лекција во животот.
2. Самохраните родители се секогаш подобри од родителите во лоша врска или брак.
3. Разводот остава можност да си запознаете нов партнер и да почнете нова, поздрава врска.
4. Конечно може да се фокусирате на нешто друго освен на брачните проблеми
5. Разводот можеби не е најсреќната околност за децата, но е многу посреќна варијанта од непријателското опкружување во домот.
6. Голема е разликата меѓу осаменоста и самотијата.
7. Ќе се намали тензијата меѓу вас и бившиот.
8. Среќен родител е секогаш подобар родител. Среќен родител, среќно дете.
9. Може да ја искористите енергијата на убави и важни области во животот.
10. Секој заслужува заинтересиран и посветен партнер кој ќе ве прифати такви какви какви што сте.
11. Ќе изгубите сопруг/сопруга, но ќе добиете среќа.