Живот

Зошто е важно да читате книги пред спиење?

13. февруари 2020 - 14:46 | М.С.

Постојат луѓе кои не можат да заспијат без претходно да прочитаат барем една страна од некоја книга. Оваа навика има многу користи за менталното здравје, пишува Dreams.co.uk.

Читањето го намалува стресот, подобро од музиката и чајот

Читањето пред спиење ве опушта, покажува студијата која е спроведена на Универзитетот во Сасекс. Читањето пред спиење го намалува стресот и тоа за 68 проценти. Ова истражување кое го спроведе невропсихологот д-р Дејвис Луис, откри дека читањето го намалува стресот подобро од консумирање чај (54 проценти) и слушање музика (42 проценти).

Го зајакнува мозокот

Читањето е многу корисно за зајакнување на мозокот и го намалува ризикот од развој на дегенеративни болести како што е Алцхајмер. Луѓето коишто решаваат крстозбор, читаат или играат шах, имаат 2,5 пати помал ризик за да се разболат од некоја ментална болест.

Додека читате некоја добра книга, вашиот ум не е фокусиран на секојдневните стресови и грижи кои предизвикуваат тензичност. Приказните ве проектираат на некое друго место. Со тоа, ги оставате проблемите зад вас. Со читањето ги опуштате мускулите, се успорува дишењето а со тоа имате чувство на смиреност.

Се подобрува креативноста

Професорот на Универзитетот во Торонто, Кит Е.Станович рече дека: „Нашите податоци одново и одново покажуваат дека со читањето книги се збогатува вокабуларот, општото знаење и вербалните вештини“.

Подобрувањето може да го видиме и сами. Читањето книги на децата е исто така исклучително важно. Приказните за добра ноќ имаат големо влијание на нив.

Коментирај