Зошто е важно да се пие вода за време на тренинг?

Бројни истражувања досега покажаа дека е потребно редовно да се пие вода, односно пред и за време на тренинг, но и по завршувањето со вежбање, а експерти за магазинот „Men’s Health“, објаснуваат зошто всушност е толку важно да се пијат течности.

Пиењето вода ја одредува ефикасноста

Истражување објавено во магазинот „Sports Medicine“ откри дека дехидрацијата за време на тренинг може да ја намали јачината за два отсто, силата за три отсто, а издржливоста за дури десет отсто. Потребно е да испиете барем 250 милилитри вода, 30 минути пред да започнете со вежбање.

Водата е најдобар пријател

Можете да се одлучите за спортски пијалаци богати со електролити или протеински шејкови, но експерти сметаат дека водата е она што навистина му треба на телото.

Имено, телото се состои од 50 отсто вода која помага при регулација на температурата и циркулацијата. За време на изведување на вежбите за тело, нормално е да се почувствува блага дехидрација, бидејќи телото преку потта ослободува течност, но шишето со вода секогаш треба да биде до вас.

Научниците велат дека ладната вода значително го одложува и намалува зголемувањето на телесната температура при вежбање, а исто така ја зголемува и издржливоста.

Течноста значи побрзо закрепнување

После вежбите за тело, многу е важно да се надомести загубената течност од телото. Со пиењето на вода се намалува брзината на отчукувањата на срцето, па така се регулира и телесната температура.

При закрепнувањето, течноста и понатаму се губи преку потта и урината, па повторно е потребно да се испијат 250 милилитри вода, 30 минути по завршувањето на тренингот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фит

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more

Зошто е поважно да одржувате кондиција, отколку да слабеете?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе