Крановите, камиони и градежни работници ја составуваат актуелната популација на новиот град во Египет, кој е толку нов што во моментов нема име, туку е наречен NAC (New administrative capital).
Желбите на египетската влада е да го изградат најголемиот плански град на сите времиња, кој ќе вдоми 6,5 милиони луѓе и ќе биде сместен помеѓу реката Нил и Суецкиот канал, источно од Каиро.
Актуелниот египетски главен град, Каиро, врие од сите страни со популација од 19 милиони жители. Животот таму станува неподнослив, сообраќајот е во хаос а институциите не можат да си ја работат работата како што треба поради потешкотии кои им ги предизвикува инфраструктурата и населението во градот.
Поради тоа, египетската влада одлучи да се откаже од обидите да го модернизира Каиро и наместо него да изгради нов, современ град кој ќе биде административниот центар на државата. Неговата изградба беше најавена уште во 2015 година на прес-конференција во Шарм ел-Шеик, а футуристичкиот нов главен град на Египет би требало да го замени Каиро веќе до следниот јуни. NEC ќе биде целосно опремен со нов парламент, централна банка, аеродром, претседателска палата осумпати поголема од Белата куќа, бизнис центар, највисоката зграда во Африка, највисоката црква и минаре во Африка и забавен парк поголем од Дизниленд.
Планот на градот го изработија американските архитекти Скидмор, Оуингс и Мерил по иницијатива на авторитетниот египетски претседател Абдел Фатах ал-Сиси. Овој потег е во тренд со преселбата на неколку африкански главни градови, како заменување на Бразилија со Абуџа во Нигерија и Јангон со Најпјидав во Мјанмар.
NAC ќе му овозможи на Египет да се ребрендира и да биде современа држава која ќе зачекори во иднината, без притоа да заборава на минатото. Тој ќе биде нешто налик на Дубаи, но во него ќе биде застапена и традиционалната египетска архитектура која ќе го потсетува секој жител и турист во градот на богатото минато на оваа нација.
Во почетокот, овој план на претседателот ал-Сиси наиде на критики од јавноста, а посебно од египетските архитекти, кои тврдеа дека „Египет на овој начин заборава на минатото“ , критикувајќи го државниот врв поради тоа што во проектот не се вклучени повеќе египетски работници и интелектуалци. Сега, народот полека застанува на страната на ал-Сиси и почнува да го прифаќа планот за нов главен град, кој според плановите би требало да понуди ново место за живеење, но и нов културен центар во оваа земја.