Зошто филмовите на Marvel се поуспешни од оние на DC?

Marvel против DC e една од најзанимливите современи дебати. Фановите на двете компании постојано се во замислена борба, додека и Marvel и DC имаат повеќе од солиден успех на боксофисот со нивните филмови.

Иако ликовите на двете компании излегоа од стриповите, сепак тие се многу повеќе познати како суперхероите на нашето време кои се појавуваат во филмски блокбастери.

Одговорот на прашањето „Која од овие две компании е подобра?“ можеби никогаш нема да го добиеме, но засега гледаме дека, барем на филмското платно, ликовите на Marvel се многу поуспешни од оние на DC Comics. Почитуваниот сценарист Марк Милар верува знае зошто Marvel имаат поголем успех кај публиката од нивните ривали.

„Мислам дека е многу едноставно, ликовите на DC Comics се тешки за претставување во филм. Го кажувам ова како огромен DC фан, бидејќи Superman, Batman и Wonder Woman ми се омилените ликови од стриповите. Ликовите на DC не се базираат на нивниот таен идентитет, туку на нивните супермоќи, и тоа не е толку интересно за публиката. Од друга страна, ликовите на Marvel имаат многу интересни тајни идентитети и публиката останува позаинтересирана со приказната на Питер Паркер, Тони Старк и Мет Мурдок, отколку за Spiderman, Iron-Man и Daredevil“, рече Милар.

Марк Милар рече дека не сака да биде погрешно разбран, и дека Batman е еден од најинтересните ликови кои се појавиле на филмското платно, но дека само тој е адутот на DC во оваа „битка“.

„Можеби луѓето ќе ме критикуваат поради ова, но сметам дека доказот е пред нас. На филмовите на DC работеа многу способни луѓе, режисери, актери, сценаристи, но резултатот е секогаш ист и неуспешен“, заврши Милар.

Тој рече и дека не смета дека е невозможно да се направи добар филм за суперхерој на DC Comics, но дека за тоа студиото ќе треба многу да се потруди.

Следниот филм од филмскиот универзум на DC треба да излезе оваа година во декември и се работи за „Aquaman“, каде во главната улога се појавува Џејсон Момоа.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе