Германците работат на технологија која треба да обезбеди патишта без дупки и пукнатини.
Сите знаеме дека поради температурните промени патиштата пукаат во лето. Во зима се лизгави, а солта не помага да се зачува површината на тротоарот. Појавата на пукнатини и дупки влијае на издржливоста на патиштата, но и на безбедноста во сообраќајот.
Ова се причините зошто во Германија се започнува проект за да се утврди дали инсталирањето на еден вид систем за климатизација на патот може да биде решение за одржливост на патиштата.
Веќе започнаа градежните работи на патот Келн-Исток, каде што прво систем ќе се тестира новиот систем, објави Федералниот институт за автопати (BASt). Идејата е да се инсталира систем на цевки низ кои минува геотермалната вода и на тој начин помага при ладење на патиштата во лето и загревањето во зима. Паралелно се тестира и друга технологија.
Пет тест полиња и едно референтно поле ќе бидат изградени во должина од 55 метри. Секое поле има различни системи за контрола на температурата на патиштата и двете полиња ќе јакористат водата како медиум. Останатите три полиња ќе имаат воздушни комори.
Перформансите на овој вид „клима-уред“ ќе се следат во текот на следните три години преку температурни сензори и термовизиски камери.
Ако ваквиот систем се покаже како ефикасен, постои голема шанса да се инсталира на најкритичните делови, како што се излези од тунели, свиоци итн.