УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Вчера Шпанија со победата по продолженија од 2:1 над Германија се пласираше во полуфиналето на ЕУРО, а еден спорен детаљ од 106. минута крена голема прашина во германските медиуми.

На самиот почеток од второто продолжение, при резултат 1:1, шутираше Џамал ​​Мусиала, по што топката го погоди в рака Марк Кукуреља.

Главниот судија на натпреварот, Англичанецот Ентони Тејлор, не покажа на белата точка, но не доби повик од ВАР просторијата повторно да ја погледне ситуацијата.

Германците се револтирани бидејќи сметаат дека се оштетени за чист пенал, а целата ситуација ја разјасни новинарот на ESPN, Дејл Џонсон, експерт за ВАР судење.

Тој појасни дека судијата Тејлор постапил според правилата на фудбалската игра, бидејќи во таква ситуација не треба да се свири пенал.

Како што објасни Џонсон, УЕФА им дала јасни инструкции на судиите пред Европското првенство дека не се доделуваат пенали доколку топката удри во рака на играч, а таа е испружена надолу и зад телото на играчот.

Бидејќи беше токму таков случај, не реагираа ниту судијата Тејлор, ниту ВАР судијата Стјуарт Атвел.

Резултатот во тој момент остана 1:1, а потоа Микел Мерино постигна гол во 119. минута за да ја однесе Шпанија во полуфиналето.

реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Фудбал

Рафиња удри по судиите, УЕФА му подготвува жестока казна

Read more

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Read more

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Read more

AS: Паника во Арсенал

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ ќе игра на мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Рафиња удри по судиите, УЕФА му подготвува жестока казна

Читај повеќе
  • play_arrow

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Читај повеќе

Усик го избра фаворитот: Џошуа или Фјури?

Читај повеќе
  • play_arrow

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Читај повеќе

AS: Паника во Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Читај повеќе

Нејмар даде гол, па се скара со навивачите на Сантус 

Читај повеќе

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе