Зошто Гибралтар е британски, а не шпански?

Како може една педа земја од големата Шпанија да се наоѓа под британска контрола?

Гибралтар е земја од цели 6,8км², сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров, на Гибралтарскиот Проток. Има само една единствена граница и тоа со Шпанија, а опколена е од водите на Атлантскиот Океан и  Средоземното Море.

Од 1704 година Гибралтар е британска прекуморска територија која му боде очи на секој Шпанец кој ја гледа картата на својата Шпанија. Како ова парче земја, наречено Карпата, се нашло под Обединетото Кралство?

За време на Војната за наследството на Шпанија, британските и холандските трупи, кои го поддржувале австрискиот претендент за престолонаследник Архивојводата Карл, формирале здружена флота и напаѓале разни точки од јужното шпанско крајбрежје. На 4 август 1704, по шестчасовно бомбардирање кое започнало утрината во 5 часот, здружената флота предводена од адмирал Сер Џорџ Рук го освоила Гибралтар, по што поголемиот дел од населението мирно го напуштило градот. Француско-шпанските трупи не успеале да го повратат градот, и британскиот суверенитет врз Гибралтар дополнително бил потврден со мировниот Договор од Утрехт во 1713.

Шпанија неколкупати се обидавала да го врати малиот Гибралтар под своја контрола, но никогаш не успеала и до ден денес е предмет на спор помеѓу Шпанија и Обединетото Кралство.

Знамето на Гибралтар

На најразлични начини Шпанците се обидувале населението на Гибралтар да го натераат да се приклучи кон Шпанија. Затворање на границата, ембарга, што не пробувале Шпанците. Во 1967 дури и инсистирале на референдум, но доживеале тотално фијаско кога само 44 од 12.182 гласачи се изјасниле за приклучување кон Шпанија. Во 2002 имало уште еден референдум на кој повторно, 98,97% гласале против приклучување кон Шпанија.

Денес Гибралтар и натаму е дел од Обединетото Кралство како посебна територија која има свое знаме и своја химна. Има 34 илјади жители од кои мнозинството Гибралтарци кои се од мешано потекло (Џеновјани, Малтежани, Португалци и Андалузијци).

Remote video URL

Името Гибралтар, пак, доаѓа од арапскиот јазик од Џабал Тарик (جبل طارق‎), односно Карпата Тарик и се однесува на берберскиот војсководец Тарик ибн Зијад, кој го предводел нападот на Умајадскиот калифат врз Иберија во 711 година.

Remote video URL
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе