Зошто има сè поголем број случаи на рак на пенис низ светот?

Ракот на пенис за среќа е редок, но инциденцата и стапката на смртност се зголемуваат ширум светот.

Некои експерти предвидуваат дека до 2050 година овој вид на рак може да се забележи раст за 77%. Иако земјите во развој имаат тенденција да имаат највисоки стапки на рак на пенис, бројот на случаи се зголемува и во повеќето европски земји.

„Како што населението старее, така расте и бројот на случаи. Возраст над 50 години е еден од главните ризици за рак на пенисот, а Европа има сè постаро население. Други фактори на ризик вклучуваат стеснување на кожичката, лоша хигиена на гениталиите и пушење тутун. Овој тип на рак е редок кај мажите кои биле обрежани по раѓање“, вели доктор Колин Мичи од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Централна Ланкашир во Англија за Conversation.

Во Бразил во последната деценија имаше повеќе од 6.500 ампутации на пенис

Според најновите студии, Бразил има една од највисоките стапки на инциденца, 2,1 на 100.000 мажи. Помеѓу 2012 и 2022 година, имало 21.000 пријавени случаи, според бразилското Министерство за здравство. Ова резултираше со повеќе од 4.000 смртни случаи, а во текот на изминатата деценија имаше повеќе од 6.500 ампутации - во просек по една на секои два дена.

Во 2022 година, списанието JMIR Public Health and Surveillance ги објави резултатите од обемната анализа која ги вклучува најновите податоци од 43 земји. Покажа дека највисоката инциденца на рак на пенис помеѓу 2008 и 2012 година била во Уганда (2,2 на 100.000), по што следат Бразил (2,1 на 100.000) и Тајланд (1,4 на 100.000). Најмала инциденца на оваа болест била во Кувајт (0,1 на 100.000).

Во Англија, ракот на пенис се зачестил од 1,1 на 1,3 на 100.000 мажи помеѓу 1979 и 2009 година, а во Германија случаите се зголемиле за 50%, од 1,2 на 1,8 помеѓу 1961 и 2012 година.

ХПВ инфекција

Сквамозните (плочести) клетки на кожата на пенисот се одговорни за повеќе од 90% од карциномот на пенис. Други малигни заболувања, како што се меланом, карцином на базалните клетки или сарком, се поретки. Инфекцијата со хуман папиломавирус (ХПВ) е идентификувана во приближно половина од случаите на сквамозен карцином.

ХПВ вклучува група од повеќе од 150 видови на вируси, од кои околу 40 предизвикуваат заболувања на кожата и мукозните мембрани на аногениталниот регион. Видовите на вируси се означени со бројки. Името доаѓа од брадавици, латински папилома, кои се предизвикани од некои типови на вирусот.

ХПВ инфекцијата често нема симптоми. Најчесто поминува во рок од две години од инфекцијата и без лекување, без никакви знаци на болеста. Но, кај некои луѓе, ХПВ инфекцијата може да предизвика генитални брадавици или да трае подолго, а може да се појави и рак.

ХПВ инфекцијата може да се појави веднаш под површината на кожата. Во пенисот, ова може да резултира со промени во текстурата и бојата на кожата, познати како премалигни промени. Може да се развие безболен чир без симптоми или брадавици, обично на главата и под кожичката.

Симптоми на рак на пенис

Симптомите на ракот на пенис често започнуваат со незаздравувачка рана на пенисот и исцедок со силен мирис. Некои луѓе исто така доживуваат крварење и промена на бојата на пенисот.

Ако се открие рано, постои голема веројатност за закрепнување преку третмани како што се хируршко отстранување на лезијата, радиотерапија и хемотерапија. Но, ако не се лекува, може да следи делумна или целосна ампутација на пенисот, а можеби и на тестисите. Повеќе од 90% од мажите на кои им е дијагностициран рак на пенисот кој не се проширил во блиските лимфни јазли преживуваат пет или повеќе години.

ХПВ 16, најчестиот високоризичен тип на ХПВ, може да предизвика малигни промени во ткивата на пенисот или грлото на матката, устата, грлото, вулвата, вагината и анусот. Тоа е веројатно најканцерогениот тип на ХПВ. За среќа, вакцините за ХПВ успеаја да ја намалат стапката на рак на грлото на матката.

Лекарите известуваат дека дијагностицирањето на ракот на пенисот често се одложува бидејќи пациентите се чувствуваат виновни или засрамени. Многу мажи се лекуваат со антимикробни или стероидни креми и избегнуваат да одат на лекар.

„Третманот се одложува и поради самите лекари, затоа што знаат погрешно да ги класифицираат лезиите како бенигни. Доколку малигните клетки се прошириле на лимфните жлезди на препоните, шансите за излекување се многу помали, па затоа е важна брзата дијагноза и лекување“, вели Мичи.

Ниска стапка на вакцинација

„И покрај достапноста на вакцината, стапката на вакцинација против ХПВ во Бразил останува ниска за девојчињата - достигнува само 57% - а за момчињата не надминува 40%. Идеалната покриеност за спречување на болеста е 90%, објаснува Маурицио Денер Кордеиро од Бразилското здружение за урологија.

Тој смета дека дезинформациите за вакцината, неоснованите сомнежи за нејзината ефикасност и недостигот на кампањи за вакцинација придонеле за слаба примена.

Пушењето исто така може да го зголеми ризикот од рак на пенисот. Поголема е веројатноста да добиете рак на пенисот ако имате проблем да ја повлечете кожичката (кожата што го покрива пенисот) за да го одржите пенисот чист (состојба наречена фимоза).

„Кога мажот не ја изложува главичката и не ја чисти правилно кожичката, се создава секрет кој е поволна средина за бактериски инфекции. Ако тоа се повтори, станува фактор на ризик за појава на тумори“, вели Кордеиро.

Тагови
реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Здравје

Која храна помага против надуеност?

Read more

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Read more

Не ги игнорирајте првите знаци на рак на тестиси: Кога да посетите лекар?

Read more

Што треба да јадете за да внесувате повеќе магнезиум?

Read more
 

Магазин

Промени кај мачките што укажуваат на бубрежна болест

Читај повеќе

Отстранете ги дамките од маснотии од облеката со изненадувачка намирница

Читај повеќе

Често гледате порнографија? Знаете ли како тоа влијае на вашиот мозок?

Читај повеќе

Која храна помага против надуеност?

Читај повеќе
  • filter

Како да бидете центар на вниманието на Моден викенд Скопје?

Читај повеќе

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Читај повеќе

Карта на осаменоста на Европа: Луѓето сѐ повеќе се повлекуваат како што стареат

Читај повеќе

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Читај повеќе

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Читај повеќе