Фит

Зошто јајцата се одлична храна за слабеење?

24. октомври 2018 - 15:08 | А.С.

Јајцата се омилена храна на многу луѓе од различни причини. Не се скапи, одличен извор се на протеини, а може да се зготват лесно и брзо на безброј начини.

Особено се корисни ако се обидувате да слабеете или да набилдате мускули, токму поради нивниот состав.

Количината на протеини во едно јајце варира во зависност од големината, но според некои средни проценки, едно јајце со средна големина содржи 63 калории и 5,5 грама протеини, а во поголемите има 72 калории и 6,3 грама протеини.

Дневната потреба за протеини исто така зависи од неколку фактори, како телесната тежина и нивото на физичка активност, но средната проценка е дека 10 до 35% од вкупниот број на калории треба да доаѓа од протеините.

Жолчката содржи важни хранливи состојки како железо, витамини A, D, E и калиум, а протеините главно се содржат во белката.

Една белка содржи околу 4 грама протеини, додека во белката има околу 2,5.

Нутриционистите ги препорачуваат јајцата како важна храна за слабеење и додаваат дека исхраната богата со јајца не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Ако ви се здосадени стандардните начини на готвење, како варени, јајца на око или кајгана, погледнете ги овие 20 нови рецепти што ќе внесат свежина во вашето мени, а вие ќе ја добиете потребната доза витамини и протеини што ја нудат јајцата.

Коментирај