По одличниот настап на Џенифер Лопез и Шакира на полувремето на Супербоул, следеа многу непријатни коментари oд гледачите кои овој настан го нaрекоа „порнографски“ и „срамен“. Сега, на јавноста ѝ пречи и настапот на групата „Пусикет долс“ поради кој BBC доби 119 тужби.
Семејства ширум САД упатија бројни навреди кон пејачките, а исто така одлучија дека во иднина ќе го бојкотираат одржувањето на Супербоул.
„Пејачките алудираа на секс“, се некои од жалбите од родителите кои велат дека нивните деца биле изложени на „порнографска содржина“.
Но, се поставува прашањето дали станува збор за спорна содржина или за родители кои повеќе би сакале да ги цензурираат медиумите наместо да се потрудат да ги цензурираат содржините кои нивните деца ги следат на телевизија и на интернет.
Негативни коментари пристигнуваат и на сметка на групата „Пусикет долс“. Како што пишува Independent, BBC досега прими повеќе од 119 жалби од гледачи бидејќи нивниот настап на песната „React“ бил премногу вулгарен.
Освен тоа, на неколку од нив им пречат и провокативните костими, додека на другите им пречи провокативната кореографија која ја споредуваат со еротски настап.
Од BBC дадоа соопштение во кое соопштија дека овој настап е соодветен за на телевизија.
„Пусикет долс“ се познати по нивната специфична облека и начин на танцување, а освен тоа на самиот почеток на емисијата е најавено нивното гостување. Пред настапот секогаш се консултираме со изведувачите во колку часот да биде нивниот настап за да одговара на програмата“, стои во соопштението на BBC.