Рускиот MMA шампион Хабиб Нурмагомедов е прогласен за Светска спортска ѕвезда на годината во изборот Sports Personality на BBC.
Хабиб е избран врз основа на една борба годинава, во која тој ја одбрани титулата во УФЦ со победа против Џастин Гејџи, го подобри професионалниот скор на 29:0 и веднаш потоа соопшти дека става крај на кариерата. Таткото и менаџер на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, почина непосредно пред последниот меч, како последица од коронавирусот и тоа многу го погоди непобедливиот Дагестанец.
BBC меѓу другите достигнувања на Хабиб го наведе и фактот дека со 26,3 милиони следбеници на Instagram, тој е „најпопуларен Русин“ на оваа социјална мрежа.
Покрај победата и пензионирањето, Хабиб се истакна оваа година со објавите на социјалните мрежи упатени кон францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно ги критикуваше исламистите за обезглавувањето на професор од Ница.
„Семоќниот нека ти го изобличи лицето, тебе и на сите оние во име на слободата на говорот ги навредуваат чувствата на повеќе од една и пол милијарда муслимански верници“, напиша меѓу другото Нурмагомедов.
Иако Хабиб е неоспорен ММА борач и голем спортист, сепак е чудно што тој ја понесе наградата годинава со само една борба зад себе, кога во конкуренција ги имаше шведскиот скокач со стап Арманд Дуплантис, легендата на американската кошарка Леброн Џејмс, американскиот голфер Дастин Џонсон, францускиот фудбалер Венди Ренард и ирската боксерка Кети Тејлор.
Можеби неговите политички ставови му додадоа поени на контото.