Зошто корона вирусот брзо се шири низ Италија?

За само неколку дена во Италија се откриени 165 случаи на зараза со корона вирусот Covid-19. Досега има регистрирани заразени во пет италијански покраини, а четири лица починаа.

Се очекува бројот на заразени да продолжи да расте, објави Corriere della Sera и додава дека кошмарот почнал во петокот утрото кога почина првата жртва од корона вирусот.

Само во покраината Ломбардија има над 90 заразени, а во Венето има околу 25.

За само 48 часа од смртта на првата жртва, во овие две покраини беа воведени блокади за влез и излез и стапи на сила карантин. На улиците има полиција и војска, на граѓаните им е препорачано да се движат наоколу само за итни потреби, затворени се училиштата, кината, базените и други јавни места на најмалку една недела.

Зошто корона вирусот се рашири толку брзо?

Шефот на Агенцијата за цивилна заштита Анџело Борели рече дека не треба да се обвинуваат лекарите, но токму тие не ги препознале навреме симптомите на новиот корона вирус Covid-19. Исто така и самите се заразиле бидејќи не ги лекувале пациентите според протоколот при епидемија.

Corriere della Sera објави дека во болницата каде бил хоспитализиран првиот пациент се заразени најмалку пет доктори и медицински сестри.

„Не се работи за тоа колку тестови биле направени. Тоа беше ситуација во која не ги препознавме навреме симптомите на корона вирусот. Лекарите имаа проблеми со идентификување на симптомите“, вели Борели.

Првиот заразен човек во Италија, 38-годишен маж, дошол во болница минатата недела и бил пуштен на домашно лекување со дијагноза „грип“. Со оглед на тоа дека никаде не патувал, докторите не го тестирале за присуство на корона вирусот Covid-19, но неколку дена подоцна состојбата му се искомплицирала и се вратил во болница. Тој претходно се сретнал со пријатели кои биле во посета на Кина.

Фабрицио Прељаско, виролог и научник при Универзитетот во Милано, вели дека ниту еден од лекарите не се посомневале на корона вирусот бидејќи во Италија досега бил регистриран само кај двајца туристи кои се хоспитализирани од јануари. Но, тие дошле од Кина и се во сосема друг крај на Италија.

„Едноставно немаше причина да се посомневаат дека е корона вирус, особено бидејќи е сезона на грип. Италија се најде во иста ситуација како и Кина – се соочи со нов вирус. За корона вирусот се зборува веќе еден месец, но во Италија беа само тие два случаи со туристите“, додава тој.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе