Логото на синџирот за брза храна McDonald’s е едно од најпрепознатливите во светот. Жолтиот знак во форма на буквата М на црвена позадина стана секојдневна глетка за милиони луѓе ширум светот и речиси не постои човек кој нема да го препознае ова лого.
Има многу добра причина зошто логото на популарниот синџир реторани за брза храна е црвено-жолто.
Жолтата боја предизвикува задоволство и позитивни чувства и го крева расположението, објаснува психологот Карен Халер. Во комбинација со црвената боја, што асоцира на брина, логото на McDonald’s е идеално, а исто така е јасно видливо од голема оддалеченост, што е добро кога возите и барате нешто за јадење за најбрзо време.
Од 2009 година има знаци за McDonald’s што се на зелена позадина, наменети за Европскиот пазар. Покрај оригиналната замисла на компанијата да покаже дека е еколошки свесна и се залага за здрава храна, зелената боја асоцира на мир, опуштеност и природа. Тоа е идеална асоцијација дека ќе јадете на мир и без брзање.