Зошто луѓето не веруваат во науката?

Недостигот на доверба во науката е огромен проблем во денешниот општествен контекст. Многу погрешни информации со кои се соочуваме се намерно и организирано пласирани, а што е уште полошо, истражувањата покажаа дека на интернет лагите побрзо се шират од вистината.

Психологот Авива Филип-Милер од Универзитетот Сајмон Фрејзер заедно со нејзините колеги направи истражување со цел да се спротивставиме на овој опасен поглед. Еден од најголемите митови за комуникациската наука е дека луѓето логично ќе се однесуваат ако само им ги претставиме фактите. Тоа се нарекува модел на информациски дефицит.

Почнувајќи од климатската криза до светската пандемија, постојат безброј примери дека оваа метода често едноставно не функционира, пишува Science Alert.

„Вакцините порано беа стандард кој сите го прифаќаа. Сепак, во последните години се случија промени поради кои е полесно да ги уверите луѓето да не веруваат во научниот консензус за вакцините и другите работи“, вели американскиот психолог Ричард Пети.

Иако на многумина им е тешко да поверуваат, сепак луѓето имаат мноштво легитимни причини за недоверба.

За почеток, индустријата ја уништува довербата во науката буквално со преземање на научни сертификати – користат зборови кои звучат „научно“ за да го зголемат личниот профит. Фармацевтските компании исто така дадоа многу причини за недоверба. Покрај тоа, голем број медиуми ги презираат експертите па им даваат сила на ненаучните перспективи.

Сите тие конфликти, сомнежи и премногу информации од сите страни ја уништуваат довербата во науката. Оние кои се одговорни за комуникација со научни информации кон јавноста, како што се медиумите или политичарите, уживаат уште помала доверба од научниците.

Недовербата во изворот информации е една од четирите главни препреки на прифаќање на науката, покажа истражувањето на Филип-Милер и нејзините колеги.

1. Недоверба во изворот на информации

2. Лојалност кон општеството во кое припаѓаме

3. Информациите се во конфликт со личните убедувања

4. Информацијата не е пренесена на начинот на кој му одговара на соговорникот

Колку гордо да кажуваме дека сме логични суштества, реалноста е дека со луѓето владеат социјалните групи, емоциите и инстинктите. Оние кои се занимаваат со наука и оние кои ја поддржуваат мора да го земат ова во обѕир.

Добрата вест е дека иако довербата во науката е опадната, сепак вербата во научните резултати е уште на релативно високо ниво во однос на другите извори на информации.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Наука

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Read more

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе