Отприлика една третина од луѓето имаат страв од змии. Постојат луѓе кои сакаат змии и пајаци и ги третираат како домашни миленичиња. Кај овие луѓе стравот од одредени животни никогаш не се активирал.

Овие стравови не мора нужно да бидат научени. Често стравот од змии, пајаци и стаорци спаѓа во програмиран страв и од нив најчесто се плашиме затоа што знаеме дека тие знаат да гризнат или да шират болести.
Научниците кои го проучуваат стравот приметиле дека полесно е да се тренира човек за да се плаши од змии и пајаци, отколку од кучиња и мачки.
На примнер, Библијата дава многу негативна слика за змиите. Тоа е животно кое ја измамило жената и поради кое луѓето биле исфрлени од рајот. Не е без причина што за таа задача била одбрана токму змија. Таа во библиската митологија е дволично, таинствено животно, има посебно знаење и моќ, и чиј гриз може да усмрти човек.
Како што во Африка постои голем број отровни змии и помеѓу истите и неотровните постојат мали разлики, луѓето често велеле „ако изгледа како змија, бегај“ за да се заштитат. Тој израз опстанал низ историјата и станал синоним за лошо однесување.