Чек дис аут

Зошто луѓето имаат предрасуди за веганите?

21. февруари 2020 - 14:13 | М.С.

Повеќето луѓе имаат негативни коментари за веганите. Психолозите сметаат дека причините за ова однесување не се оправдани и рационални, пишува BBC.

Колку повеќе е популарен веганскиот начин на живот, толку повеќе ги има оние коишто се противници на овој тренд.

Прашањето дали треба да се јаде месо или не предизвикува многу негативни коментари и е предмет на дискусија веќе подолго време. Луѓето коишто не ги разбираат оние коишто не јадат место, ги исмеваат и имаат еден куп предрасуди кон нив. 

Дали постои објективна причина за омраза насочена кон веганите?

Некои психолози сметаат дека негативната реакција кон веганите произлегува од длабоките психолошки предрасуди кај луѓето.

Ханк Ротгербер, психолог од Универзитетот во Кентаки смета дека сè се сведува на одговор на прашањето: како може да продолжиме да јадеме месо?

„Ние живееме во време во кое наоѓаме сè поголеми докази дека месото нема толку голема корист за нашето здравје, но и понатаму не ги менуваме нашите навики. Како луѓето си го објаснуваат тоа и дали се подготвени на големи промени“, се прашува Ротгербер.

Дури и оние коишто чуваат миленичиња не сфаќаат дека имаат два различни става: тие имаат милениче кое го сакаат и чуваат, а јадат месо од животни и се уверуваат дека тоа не е исто. Некои психолози овој облик на однесување го нарекуваат месен парадокс.

Професорката Јулија Минсон направи студија за да дознае што луѓето мислат за веганите и како би ги опишале со три зборови. 

Дури 35% од луѓето ги опишале веганите како чудни, арогантни, секташи, садисти, итн.

Психолозите заклучија дека луѓето чувствуваат омраза кон веганите бидејќи живеат со предрасуди, но бидејќи и самите не би сакале да направат ваква промена во нивниот живот, па ги осудуваат оние коишто се различни од нив.

Заклучокот е многу едноставен: Јадете го она што ви одговара, без да ги осудувате прехрамбените навики на другите луѓе кои имаат различни потреби и различно мислење од вас.

Коментирај