УЕФА ЕУРО 2020

Зошто македонските фудбалери во албумот на Panini се по маици?

Откако излезе албумот на Panini и сите веднаш го разграбавме, ретко дека некој не забележа дека само македонските фудбалери не се сликани во дресови.

Фото: Филип Здравески

Албумот кој сите долго го чекавме токму поради фактот што во него се и сликичките на македонските фудбалери откако Македонија за прв пат избори пласман на едно големо натпреварување, малку и нѐ разочара.

Ни паѓаат Пандев, Елмас, Адеми... но, за разлика од Мбапе, Роналдо, Имобиле, Брозовиќ и останатите, нашите не се во своите традиционални и препознатливи црвени дресови со сонцето на градите, туку во бели маици. Несомнено дека многумина се разочаравме поради тоа.

Прашањето чиј одговор сите сакаме да го знаеме е „Зошто?“

За да ја разјасниме ситуацијата ја контактиравме Фудбалската федерација на Македонија од каде ни го објаснија проблемот.

Имено, како што сите знаеме, албумот требаше да излезе лани, но не ни дојде до такво нешто бидејќи пандемијата почна во март, се одложија баражите за пласман на завршницата, а потоа и самото Европско првенство се одложи.

За разлика од останатите 20 репрезентации, Македонија пласманот заедно со Шкотска, Унгарија и Словачка го избори дури во ноември есеноска. Panini токму оттогаш почнува да работи на сликичките на играчите од овие четири репрезентации.

Кога Panini побарале фотографии од македонските фудбалери, сите биле веќе во своите клубови, а во ФФМ имале само фотографии кои биле наменети за оние меч-програми кои се делат во ВИП и новинарската ложа пред и за време на натпреварите. Токму тие фотки ФФМ ги испратила во Panini, а на нив нашите фудбалери се сликани во брендирани маици на Федерацијата, кои се бели, но сепак не се дресови.

Сликите од меч-програмата за домашниот натпревар со Естонија во ноември
Ќе играме во нови дресови...

Тоа е едната причина, а друга е и што ФФМ во соработка со Jako веќе имале во план изработка на нови дресови, чиј дизајн сега веќе е подготвен, но допрва ќе биде јавно претставен. Македонија на ЕУРО нема да настапи со сонцето на градите, па по некоја логика и затоа на сликичките играчите не се во дресови. Сепак, во тие дресови се изборивме за настап на ЕУРО, па во секој случај немаше да биде штета и да ги лепиме како такви.

Навистина е штета што македонските играчи во албумот не се во препознатливите дресови, меѓутоа, ете, сплет на околности довело до такво нешто. Сепак, со дресови или не, сите сме среќни што го менуваме Велковски за Рамос, Барди за Пјонтек...

Тагови
реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Теми и коментари

Зошто феминизам, а не „еднаквизам“?

Read more

Работи кои би било фино да се променат во Аеродром

Read more

8 Март и стравот од непознатото: Феминизмот е за сите

Read more

Туркије - кој го силува македонскиот јазик?

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Модерни романтични комедии на Netflix кои вреди да ги погледнете

Читај повеќе

Македонските фудбалери ја победија репрезентацијата на Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери на кои им паднаа акциите оваа сезона

Читај повеќе

На која возраст младите во Македонија се иселуваат од родителскиот дом?

Читај повеќе
  • filter

Легендарниот Mercedes 230 SL денеска слави 60-ти роденден

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е идеалната температура за храната да трае долго во вашиот фрижидер?

Читај повеќе

Пет лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Читај повеќе

МЗШВ: Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот нема да влијае на откупните цени

Читај повеќе

Приведен француски државјанин осомничен за тешка кражба во Скопје

Читај повеќе