Зошто мамурлакот е сè потежок како што старееме?

Фино е кога пиеме со друштвото, но тоа што се случува потоа станува полошо како што стареете. Зошто мамурлакот е полош во однос на периодот кога сте биле помлади?

Постојат неколку причини за тоа.

„Станува збор за последица од директно делување на алкохолот во телото, како и на начинот на кој вашето тело го метаболизира алкохолот и се ослободува од него“, вели д-р Хедер Модеј за livestrong.com.

Обично мамурлакот се појавува како последица од пиење прекумерни количини алкохол, но зависно и од тоа што пиете, во комбинација со вашата генетика, тежина, целокупното здравје, па дури и со полот. Мамурлак може да доживеете и по консумирање мала количина алкохол.

Вашиот црн дроб не функционира ефикасно како претходно

Задачата на црниот дроб е да го метаболизира алкохолот што го пиеме, но како што старееме, способноста ефикасно тоа да го врши се намалува.

„Ова би можело да биде предизвикано со фактот дека едноставно има помал проток на крв до црниот дроб, што значи дека на телото му треба повеќе време да го исфрли алкохолот“, вели д-р Хишам Кора, специјалист по психијатрија и медицина за детоксикација во Њупорт Бич, Калифорнија.

Пиете лекови

Алкохолот во нашиот организам е оптоварување за црниот дроб, исто како и лековите.

„Како што старееме, имаме помалку активности на ензимите во црниот дроб така што земањето лекови истовремено со пиење алкохол создава дисбаланс за тие ензими“, вели д-р Сима Бонеј, директорка на Центарот за борба против стареење во Филаделфија.

Консумирањето алкохол во текот на земањето одредени лекови исто така може да ве изложи на ризик од развој на сериозни здравствени состојби, бидејќи алкохолот пречи на разградување на лековите: седативите стануваат посилни, лековите за крвен притисок не се толку ефикасни, а разредувачите на крв може да го зголемат ризикот од сериозно крвавење.

Вашите мамурлаци можеби се само привидно полоши

„Со оглед на тоа дека веројатно пиете помалку отколку кога сте биле млади, вашето сеќавање на минатите мамурлаци може да биде искривено“, вели д-р Кора.

Можеби некогаш мамурлаците биле еднакво брутални како оние кои и сега ги доживувате, но со оглед на тоа што повеќе не се редовни во вашиот живот и повеќе не сте навикнати на нив, ги доживувате потешко.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе