Зошто мажите го преувеличуваат бројот на сексуални партнери?

Неодамнешно истражување, кое го направија научници од универзитет во Глазгов, покажа дека мажите во просек почесто го преувеличуваат бројот на сексуални партнери, пренесува „BBC“.

Научниците сметаат дека ова истражување претставува значаен придонес, во истражувањето на човечката сексуалност и ризиците за полово преносливи болести.

Сексуалниот терапевт, Грејс Лендс, меѓутоа, се сомнева дека тоа е вистина.

Таа смета дека луѓето треба да се концентрираат на позитивните и негативните искуства кои ги стекнале во минатите врски, а не на самиот број на партнери.

Анализирајќи ги податоците од Национално истражување за сексуалните ставови и стил на живот, во кое учествуваа 15.162 испитаници на возраст од 16 до 74 години, научниците утврдија дека мажите во просек имаат 14 сексуални партнери, додека жените седум.

Срамот ги тера мажите да го преувеличуваат бројот на сексуални партнери

Мажите и жените често знаат да го преувеличуваат или пак намалуваат бројот на партнери, поради различните перцепции за нивната сексуалност во општеството. Според сексологот Рејчел Недл, жените најчесто лажат за бројката на своите партнери, поради страв од негативни реакции кај другите луѓе, додека мажите го прават истото за да излезат како „поголеми“ во очите на другите.

Со други зборови, мажите со голем број на партнерки се перцепираат себеси како фраери, додека жените често ги следи негативен имиџ, доколку нивната бројка на сексуални партнери е поголема, па поради тоа тие често велат дека имале помал број на партнери, за нивниот сегашен партнер да се чувствува важно.

Сексуалниот терапевт, Барбара Голд, пак, смета дека во позадината на овој феномен се крие срамот. Таа тврди дека колку и да сме напредни, и понатаму преовладуваат предрасудите дека жените немаат право да ја изразуваат својата сексуалност и да уживаат во неа како и мажите.

Кај жените, таквите постапки најчесто наидуваат на негативни реакции од околината, додека, од друга страна, од мажите се очекува, и дури се поттикнуваат, да бидат сексуални суштества.

Сексолозите на крај ги советуваат паровите, разговорот да го свртат во правец на сексуалните желби, а не на бројот на мажи или жени со кои спиела некоја личност.

Разговорите за тоа што сакате во кревет, нема да ви помогнат само да го запознаете подобро својот партнер, туку ќе ви ја зголемат самодовербата, односно ќе ви го подобрат сексуалниот живот, пишува „BBC“.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе