ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Зошто ме извади? - Рангник откри што му рекол нервозниот Роналдо

Кристијано остана во шок, а Германецот детално проговори за ситуацијата.

Сите кои синоќа ја гледаа победата на Манчестер Јунајтед против Брентфорд (3:1) неизбежно ја забележаа лутата реакција на Кристијано Роналдо кога тренерот Ралф Рангник го извади од игра.

Имено, во 71. минута при водство на Јунајтед од 2:0, Рангник го изваде од игра Роналдо уфрлувајли го Хари Мегваер за да ја засили одбраната и да ги осигура трите бода. Всушност тоа беше двојна замена бидејќи истовремено излезе и Маркус Рашфорд за да влезе Мејсон Гринвуд.

Роналдо седна на клупата и неколку пати си го постави првото прашање: „Зошто ме извади? Зошто излегов?!“, што може да се види на бројните видеа и слики.

URL

По натпреварот и победата од 3:1, германскиот стручњак откри што слушнал од Роналдо во тие моменти. А сигурно не слушнал сѐ, бидејќи го водеше натпреварот додека Кристијано беснееше на клупата.

„Единствената реакција што ја забележав беше: 'Зошто да излезам? Зошто ме извади?'. Разбирам дека Кристијано е амбициозен, но мпжеби кога ќе биде тренер во иднина ќе направи исто ваква одлука во 75. минута. Не очекувавв да ме прегрне откако го извадив. Знам како размислуваат голгетерите и морав да ја донесам оваа одлука. Немам проблем со Роналдо. “, изјави Германецот по натпреварот.

Таа одлука дополнително ја образложи со претстојниот натпревар, бидејќи Јунајтед в сабота ќе игра против Вест Хем.

„Тој неодамна се повреди и не играше недела и пол. Ги имавме Рашфорд и Марсиал на клупата и зошто да не ги искористам? Повторно би го направил истото. Тука сум шест недели и никогаш не сум имал проблем со Роналдо... Најважно е што победуваме и тоа е на прво место“, додаде Рангник.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more
 

Спорт

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе