Зошто Мексико го погодија два страшни земјотреса за 11 дена?

Два пати за 11 дена Мексико беше на удар на разорни земјотреси со јачина од 8,1 и 7,1 степени по Рихтеровата скала, што резултираа со човечки жртви, разурнати домови и општ хаос и страв.

Двата земјотреса, едниот на 8 септември, а другиот вчера попладне, предизвикаа долг и силен потрес во главниот град Мексико Сити. Иако епицентрите на двата потреси беа оддалечени 650 километри, експертите велат дека има многу сличности меѓу двата земјотреса.

И двата се резултат на распукување на раседите во Северноатлантската тектонска плоча, објаснува Гезад Фатахи, професор по геотехнички и сеизмолошки инженеринг на Технолошкиот универзитет во Сиднеј.

Два големи потреси на исто географско подрачје во краток временски период не се реткост, особено во регион што е сеизмички активен.

„Не е необично да има потреси и дополнителни удари во низа. Кога распукуваат раседите, може да иницираат дополнителни распукувања како верижна реакција во други делови на истиот расед или во други раседи“, тврди Фатахи.

Мексиканската метропола е особено чувствителна поради локацијата на која се наоѓа.

„Центарот на Мексико Сити е познат по тоа дека е ‘ранлив’ на потреси поради мекото и влажно тло под него. Тлото под Мексико Сити се тресе како желе на чинија“, вели Џон Видале, сеизмолог и директор на Центарот за земјотреси на Јужна Калифорнија.

Оваа осетливост датира стотици години наназад, вели метеорологот Педрам Џавахери.

„Мексико Сити е изграден на исушено дно на езеро. Овој регион пред 700 години бил многу плитко езеро. Градот, кој е еден од најнаселените во светот, е изграден баш над него. Тоа игра многу важна улога во интензитетот на потресите и од тоа што ќе се случи кога има земјотрес“, вели тој.

Длабочината на епицентарот исто така е важен фактор. Вчерашниот земјотрес се случи на длабочина од 51 километар.

„Сѐ на длабочина помала од 70 км се смета за плиток потрес. Тоа е важно, бидејќи плитките потреси често нанесуваат најголема штета во споредба со подлабоките, независно од јачината“, вели метеорологот на CNN Алисон Чинчар.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе