Џо Бајден не е единствениот

Зошто многу Американци работат и на 80 години?

Американскиот претседател Џо Бајден не е единствениот во САД кој работи на 80-годишна возраст. Голем број Американци кои се на таа возраст, наречена „златни години“, работат за да преживеат.

Кај нас во кафуле ретко ќе видите продавач, келнер или шанкер на возраст од 65, 70 или 80 години. Но, во САД шансите за тоа се големи.

Анализа на Washington Post, направена според податоци  од националната Канцеларија за статистика, покажа дека најголем број вработени постари од 80 години имало во 2019 година. Тогаш бројката изнесувала 734.000, додека во 1980 година биле 110.000.

Бројот на вработени меѓу луѓето постари од 80 години по 2019 година е значително намален, утврди анализа на Business Insider.

Во 2021 уделот на оваа популација изнесувала 5,67 проценти, додека пред 10 години 4,75 проценти. Во 1980 година, тој удел изнесувал 2,53 проценти.

Според податоците на Бостонскиот колеџ, просечната возраст во која  мажите се пензионираат е 64 години, додека просечната возраст во која жените се пензионираат е 62 години. Но, просечната возраст во која мажите и жените се пензионираат расте.

Зошто работат и на 80 години?

Потребата за приходи и медицинскиот напредок овозможија луѓето да работат и во деветтата деценија од животот. Според зборовите на аналитичарката Мери Џонсон, зошто да престанеме да работиме ако уживаме во тоа.

„Некои од нас сметаат дека би ни било досадно без чувството на исполнетост и целта што сме ја имале додека сме работеле“, вели Џонсон.

Расте бројот на сиромашни во САД

Долгиот работен стаж е поврзан со низок ризик од депресија, дијабетес и морталитет. Според професорката по економија Кортни Коил, оваа популација најверојатно спаѓа во една од овие две групи – во луѓето кои навистина уживаат во работата или во оние кои едноставно не можат да си дозволат да не работат. Многумина едноставно не можат да се пензионираат.

Некои мора да работат бидејќи им се потребни пари, немаат доволно заштедено или ја потрошиле заштедата. Мора да продолжат да работат за да ги платат скапите здравствени услуги за блиски членови од семејството, како што е сопружник заболен од Алцхајмер или возрасно дете со инвалидитет, брат или сестра со инвалидитет, укажа Џонсон.

Последните податоци од 2020 година укажуваат дека е пораснат процентот на сиромаштија меѓу луѓето помлади од 65 години.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе