Зошто многу КОВИД пациенти не чувствуваат никакви симптоми?

Од губење на сетилото за мирис до многу потешки невролошки компликации, симптомите на COVID-19 се прилично разноврсни.

Исто така, постојат многу случаи на асимптоматско пренесување на коронавирусот SARS-CoV-2. Иако нема конкретни докази зошто некои луѓе се асимптоматски, ризикот од асимптоматски пациенти може да биде поопасен од другите.

Додека асимптоматските пациенти се опоравуваат многу полесно од другите, асимптоматските носители можат да бидат висок ризик за ширење на COVID-19, бидејќи тешко се откриваат. Постои уште една причина зошто асимптоматските пациенти се уникатни во однос на COVID-19 и болеста не им предизвикува никаква болка, во споредба со другите пациенти.

Студија спроведена од Универзитетот во Аризона, покажа дека SARS-CoV-2, вирусот што ја предизвикува болеста COVID-19 кај луѓето, всушност може да влијае на одредени клетки во телото кои ја ублажуваат болката и затоа пациентите не чувствуваат никакви симптоми, објави Times of India.

Неодамнешното истражување открива и зошто асимптоматските пациенти не чувствуваат никакви симптоми, но продолжуваат да ја шират инфекцијата.

Според д-р Раџеш Кана, професор на Медицинскиот факултет во Тусон, Аризона причината зошто некои пациенти немаат симптоми е затоа што вирусот може да предизвика намалување на болката, особено во раните фази. Бидејќи ваквите пациенти не чувствуваат никакви промени, тие можат да се однесуваат нормално и со тоа да го пренесат вирусот понатаму, свесно или несвесно. Исто така, треба да се има на ум дека најраните денови на инфекција се оние кога носителот на вирусот е најзаразен.

Во студијата, која наскоро ќе биде објавена во списанието PAIN на Меѓународната асоцијација за проучување на болката, се тврди:

„Има многу смисла дека можната причина за големото ширење на COVID-19 е тоа што во раната фаза се чувствувате добро и немате болка, па се шетате и не ги ограничувате контактите. Имате вирус, но не се чувствувате лошо затоа што нема болка. Ако можеме да докажеме дека намалувањето на болката е она што предизвикува COVID-19 да продолжи да се шири, тоа ќе биде огромен успех“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Здравје

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Комбинација од две намирници е најдобриот појадок за здрави црева

Read more

Суперхрана која го намалува ризикот од рак - вклучете ја во исхраната

Read more
 

Магазин

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Читај повеќе

Два трика за побрзо омекнување на путерот од фрижидер

Читај повеќе