Психолозите сè почесто дискутираат за тоа дали луѓето можат да бидат верни само на еден партнер.
Моногамијата се смета дека е поприродна и е својствена за жените, отколку за мажите.
Оние коишто го тврдат ова, сметаат дека жената еволуирала за да живее во моногамија, за разлика од мажите коишто се повеќе промискуитетни.
Сепак, дознаваме дека овие тврдења се невистинити. Жените поретко ќе ви ги откријат нивните маани, односно неверството, а со самото тоа и веројатно е дека можеби никогаш нема да дознаете дека вашата партнерка ве изневерила.
Според некои извештаи, дури 13 проценти од жените ги изневериле своите мажи, а дури 50% признале дека имале сексуален однос со некој друг маж додека биле во брак.
Гласините дека мажите изневеруваат само затоа што не се задоволни од сексот, а жените бидејќи бараат нова емотивна поврзаност се сосема неточни.
Жените изневеруваат затоа што се незадоволни од сексуалниот живот, и многумина од нив изјавиле дека не сакаат да имаат емотивна врска со таа личност.
Мажите пак, доколку не се чувствуваат сакано, бараат друга жена со која ќе се поврзат на емотивно ниво.