УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Натпреварувањето на Европското првенство речиси заврши, бидејќи останува само уште големото финале меѓу Шпанија и Англија в недела, а како и обично нема да гледаме дуел за третото место.

Иако станува збор за речиси педесетгодишна пракса на УЕФА на шампионатот на Стариот континент, дел од навивачите секое ново ЕУРО се изненадени од отсуството на натпревар за третото место.

Поради ова, УЕФА даде кратко објаснување за германските медиуми зошто не се организира меч за трето место, како што тоа е случај на Мундијалите, но и на Копа Америка.

„Натпреварот за третото место се сметаше за непривлечен и затоа повеќе не е дел од Европското првенство. Нема планови за повторно воведување на тој натпревар на ЕУРО“, се вели во одговорот на УЕФА за германски Bild.

Годинава за третото место ќе требаше да играат Французите и Холанѓаните, кои беа поразени во полуфиналните дуели, но тоа нема да се случи. Затоа, пак, ноќта од сабота кон недела, во 2 часот по македонско време, Канада и Уругвај ќе се борат за 3. место на Копа Америка.

Последен пат мечот за третото место на ЕУРО се играше во 1980 година во Италија, кога Чехословачка по подобро изведување пенали ги совлада домашните „Аѕури“. Тогаш Западна Германија беше шампион на Европа.

Тагови
реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Фудбал

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Read more

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Read more

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Read more

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер сруши рекорд на Вилт Чемберлејн стар 63 години

Читај повеќе

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс

Читај повеќе

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе