Живот

Зошто на фотографиите за пасош не е дозволено да сте насмеани?

19. октомври 2017 - 13:43 | Кајгана

Дали некогаш сте се прашале зошто на фотографијата за пасош секогаш морате да изгледате сериозно? Поради која причина не е дозволено да се фотографирате насмеани? За ова постои добра причина.

Во Франција до пред извесно време една од најчестите шеги беше „Ние сме Французи, не се смееме”. Последицата за оваа шега беше одлуката која ја донесе еден судија, а која јасно говори дека за време на фотографирањето за лична карта и пасош не е дозволено смеење. Многу Французи во овој момент се сетија на Британците, на кои им се потсмеваа кога им беше донесена истата одлука пред повеќе од 10 години.

Но, зошто ваква одлука и зошто во голем број земји не е дозволена насмевка на фотографиите за лични документи? Одговорот е - поради сигурносни причини.

Вашиот пасош има чип кој содржи биометриски податоци за вас кои се поврзани со фотографијата. При изработката на пасошот, со оваа фотографија се добиваат и клучните карактеристики на вашето лице, како што се оддалеченоста помеѓу очите, оддалеченоста од носот до брадата и на тој начин се создава „математичка мапа”.

Широката насмевка ја намалува ефикасноста на алгоритмот и го попречува создавањето на мапата.

При пристигнување на аеродром, ве снима камера која го скенира вашето лице. Тогаш, компјутерот одлучува дали се совпаѓа математичката мапа која се создава на аеродромот и онаа од вашиот пасош.

Коментирај