Зошто на некои мажи не им расте брада?

Благодарејќи на светските трендсетери и секако, на хипстерите, брадата стана нов моден симбол кој покажува дека сте „ин“. Мажите кои се доволно среќни да можат да имаат цврста и густа брада ја носат со гордост. Но, зошто некои мажи не можат да пораснат брада?

На добар дел од машката популација им растат само по неколку влакна тука и таму, па тие и да се одлучат да пуштат брада, изгледаат несредено и непотполно.

Ако на таквите мажи им треба некаква утеха, тогаш добро е да знаат дека постои научна причина поради која различни мажи имаат различна количина на брада. Тоа се должи на хормонската хемикалија наречена дихидротестостерон.

Таа е накратко наречена DHT, често е поврзувана и со ќелавоста, а е поврзана со тестостеронот во машкото тело. Тоа не значи дека ако имате повеќе тестостерон ќе имате и повеќе брада. Може да имате повеќе тестостерон од Џејсон Стејтам, но ако тестостеронот не се претвори во DHT, нема да ви порасне брада.

DHT е модифицирана, поактивна форма на тестостерон. Во човечкото тело, тестостеронот се трансформира во DHT, што предизвикува посилни ефекти од самиот тестостерон.

Сѐ зависи од тоа како вашето тело реагира на тестостеронот. Ако сте почувствителни на него, брадата ќе ви биде поцврста и погуста, и обратно. Исто така, голем дел во целата работа има и генетиката. Ако вашиот татко имал лоша и ретка брада, можете да му се заблагодарите нему за слабите гени и помалото лачење на DHT.

„Некои животни мерки можат да влијаат на цврстината на брадата, како и на хормоналниот баланс. Можете да пробате да вежбате повеќе, пробајте да изгубите тежина, намалете ја количината на алкохол која ја внесувате или тотално исфрлете го алкохолот и јадете повеќе здрави маснотии: јаткасти плодови, масло од кокос и маслиново масло“, вели доктор Тори Куремада-Зиога, специјалист за опад на коса и хирург.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе