Зошто на Земјата повеќе не живеат џиновски животни?

Порано на планетата Земја шетале, летале и пливале огромни животни, но денес, со исклучок на синиот кит, речиси и да нема животни што може да се споредат со праисториските видови.

Палеонтолозите често нѐ информираат за наодите на фосилизирани коски на животни кои некогаш живееле на нашата планета и врз основа на кои дошле до заклучоци за нивната џиновска големина. Оваа група на животни ги вклучува моќниот брахиосаурус, птеросаурус со големина на авион, страшен мегалодон, па дури и армадилоси со големина на автомобил.

Но, денес има само неколку големи видови животни на нашата планета. Зошто е тоа така?

Дали забите и воздушните кеси прават важна разлика?

Палеобиологот Грег Ериксон од Државниот универзитет Флорида во Талахаси тврди дека од откривањето на првите фосилизирани остатоци од животни во XIX век, научниците знаеле како џинови некогаш оделе на нашата планета. Затоа, не е чудно што истражувачите сакаат да објаснат зошто џиновите биле нормална појава пред неколку милиони години, додека тоа не е случај денес. Иако никој не може со сигурност да ја утврди точната причина за оваа појава, постојат неколку факти кои треба да се земат предвид, според мислењето на Ериксон и неговите колеги.

Тој тврди дека неколку големи разлики меѓу диносаурусите и најголемите цицачи на денешницата може да објаснат зошто огромните животни исчезнале.

Имено, диносаурусите биле успешни ловци токму поради фактот што во текот на животот често ги менувале забите, поголеми и посилни, што им овозможувало да ловат поголеми оброци - поради што растеле нивните тела. За разлика од нив, според научниците, денешните цицачи не го прават тоа, единственото животно денес кое постојано ги менува забите е ајкулата.

Од друга страна, палеонтологот Стив Брусат од Универзитетот во Единбург, Шкотска додава дека диносаурусите имале различни воздушни кеси што им овозможувале да бидат флексибилни и лесни. Што им помогнало да станат поголеми, исто како модерните облакодери кои растат во висина со подобра внатрешна поддршка.

Енергетска ефикасност

Исто така, важна работа што ги разликува слоновите од, на пример, тревопасните диносауруси е тоа што слоновите се топлокрвни суштества, додека на пример брахиосаурусите најверојатно биле ладнокрвни. Со други зборови, ако еден слон би бил со огромни размери денес, ќе му требаат можеби 5 пати повеќе залихи храна отколку што му било потребно на најголемиот диносаурус. Ова големото тело го правело „поевтино“ во енергетска смисла.

Огромното тело бара и идеална средина. Во една студија од 2016 година објавена во списанието PLOS One, авторот на написот, холадскиот професор Херат Вермеј, заклучил дека гигантизмот главно зависи од доволно достапни ресурси, како на пример доволно кислород, храна и живеалиште за да се развие навистина џиновско суштество.

Според научниците, токму тоа е карактеристиката на периодот на средниот тријас - периодот кога за прв пат се појавиле диносаурусите. „Иако животинските видови имаат тенденција да растат сѐ поголеми со текот на генерациите, потребно е долго време на еволутивната скала за да се достигнат огромни размери“, вели Ериксон.

Научниците се согласуваат дека настаните на масовно истребување имаат тенденција да ги бришат големите суштества, па затоа се потребни десетици милиони години за да се појави нов вид со такви карактеристики. „Беа потребни околу 25 милиони години за првите цицачи да достигнат тежина од еден тон“, додаде Ериксон.

За Вермеј, најсеопфатното објаснување кога станува збор за големината не го вклучува прашањето за физиологијата или прашањето за животната средина, туку, како што наведува, најверојатно социјалната структура е заслужена. „Еволуцијата на организираното општествено однесување, не само на стадото, туку и на организираниот лов кај цицачите, разви нова форма на доминација“, рече тој.

Според него, групниот лов на релативно мали предатори го прави ранлив големиот плен. Индивидуалниот гигантизам на копно е заменет со гигантизам на групно ниво. Односно, помалите поединци кои работат заедно се ефикасен начин за зачувување на видот.

Општествената организација, исто така, може да помогне да се објасни „исклучокот“ на модерното време: во океанот, најголемите животни што некогаш живееле и постојат денес се сините китови. Животот во морето, како што заклучуваат научниците, ја отежнува комуникацијата на далечина, забавувајќи го развојот на сложените ловечки групи. Тоа довело да на копно денес живеат социјално организирани животински заедници на кои не им е потребна големина за да преживеат.

реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Вести

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Read more

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Read more

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Read more

Ракетата SLS на НАСА го надмина буџетот за 6 милијарди долари, а доцни шест години

Read more
 

Гик

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе

Ракетата SLS на НАСА го надмина буџетот за 6 милијарди долари, а доцни шест години

Читај повеќе