Здравје

Зошто на жените им треба повеќе сон отколку на мажите?

13. март 2017 - 10:27 | А.С.

Истражувањата покажуваат дека мажите многу побрзо потонуваат во сон и потешко се будат во споредба со жените, но и дека на жените им треба повеќе сон. Еве зошто.

Неколку различни истражувања покажаа дека женскиот мозок работи понапорно од машкиот и поради тоа му треба повеќе време да се одмори, а тука спаѓа времето за спиење.

Кога мажот подолго време не спие доволно, тој е само „уморен“, но кога жената не е доволно наспана тоа може да доведе до: депресија, лошо расположение, бес, чувство на непријателска настроеност кон другите.

Жените, за разлика од мажите, се склони да работат повеќе работи истовремено, а заради тоа им треба повеќе време за да се одморат, односно да се наспијат.

Коментирај