Зошто набргу по појадокот повторно сте гладни?

Дали некогаш сте се прашале зошто сте погладни по појадокот отколку вооопшто да не појадувате? Причината за тоа е нивото на шеќер во крвта.

Кога јадеме јаглехидрати организмот ги конвертира во глукоза која оди во нашиот крвоток. Нивото на глукоза расте, а колку побрзо расте побрзо и опаѓа, предизвикувајќи чувство на глад, летаргија и потреба за благо. Затоа, колку повеќе хранливи влакна внесете толку подолго треба да се сварат, што значи подолго ќе се чувствувате сити.

Славниот нутриционист Ијан Марбер е согласен со тоа дека гладта по појадокот е поврзана со нивото на глукоза во крвта.

„Високиот внес на јаглехидрати за појадок, а малиот внес на хранливи влакна и протеини би го успориле процесот на варење. Може да доведе до тоа за кратко да имате енергија, а потоа брзо да огладните“.

Тој нагласува дека на организамот му е потребно подолго време да ги свари протеините, хранливите влакна и масти. Како идеален појадок посочува овесни снегулки со овошје и ореви, оброк кој ќе ве држи повеќе сит отколку ако јадете само снегулки. Друга идеална комбинација што ја посочува е јајце со авокадо и парче тостиран леб. Било кој протеин внесен со јаглехидрати богат со хранливи влакна ќе го има истиот ефект.

За да се избори телото со глукозата, почнува да произведува инсулин. Наутро кога стануваме, телото произведува кортизол, хормон на стрес со цел да нè„ извлече“ од кревет. Ако појадувате додека нивото на кортизол е многу висок, нивото на инсулин ќе биде уште поголемо. Со оглед на тоа дека инсулинот го контролира нивото на шеќер во крвта и вашата глад, можно е да бидете гладни набргу по појадокот. Подоцна во текот на денот се намалува нивото на кортизол и инсулин.

Едно од решенијата е малку да го одложите појадокот, односно да не јадете веднаш штом ќе станете. Доколку тоа не ви одговара, тогаш идеално е да јадете сложени јаглени хидрати во комбинација со протеини и хранливи влакна.

реклама

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе