Иако со години не учеа дека утринското местење на креветот е одлична навика за продуктивен почеток на денот, се чини дека таа не е така добра за нашето здравје.
Како причина за такво нешто, експертите наведуваат дека утринското средување на креветот потпомага размножување на бактерии.
„Секоја вечер вашиот душек треба да впие околу пола литар влага, најмногу пот. Важно е таа пот повторно да испари од душекот во текот на денот. Бидејќи во спротивно се создаваат идеални услови за појава на бактерии и габи“, истакнува Клаудија Виленд од германскиот сојуз на произведувачи на душеци.
Наместо да го средувате креветот, Клаудија советува наутро најпрво да ја проветриме собата, да го откриеме креветот и покривачите да ги ставиме на самиот крај на креветот, овозможувајќи душекот да се проветри во текот на денот, со што ќе се намали влагата.
Дури навечер треба да почнеме да го средуваме.
Во случај да не ви се допаѓа душекот да биде откриен цел ден, Виленд препорачува да го оставете откриен на воздух барем додека не пиете кафе и не појадувате.