Зошто не гледате резултати, а се „убивате“ од вежбање?

А.С.
/ 03.07.2021 / 16:30

Вежбате речиси секој ден, но пак не гледате резултати од сето тоа препотување. Понекогаш нашите навики на вежбање, а и животните навики, ни стојат на патот кон остварување на нашите фитнес цели.

Вежбате без план

Првиот чекор е да отидете до теретана. Но што откако ќе стигнете таму? Не ви треба скап личен тренер кој ќе работи исклучиво со вас, но сепак треба да знаете што и кога вежбате. Раговарајте со поискусните во теретаната, истражете малку на интернет, запознајте го своето тело и неговите можности и потреби. Ако само трошите енергија и време, а не гледате резултати, вежбањето за кратко ќе ви стане фрустрација наместо сатисфакција. Затоа, направете неделен и месечен план и држете се до зацртаните цели.

Сакате со вежбање да надоместите за лошата исхрана

За жал, тоа не е возможно. Ако редовно јадете брза, мрсна и нездрава храна или не јадете ништо цел ден, па се прејадувате попладне или доцна навечер, вежбањето нема да ја надомести штетата. Или барем не долгорочно. Не може со дупло вежбање денес да ги избришете трагите од вчерашниот дупли чизбургер. Исто така, прегладнувањето нема да ви помогне побрзо да ослабите или да формирате мускули. На телото му се потребни хранливи и здрави оброци за да го издржи напорниот тренинг и да ви ја даде енергијата што ви е потребна. Здравите прехранбени навики се неизоставен дел од здравиот начин на живот, покрај редовното вежбање.

Повеќе сте фокусирани на мобилниот отколку на вежбањето

Фокусот е важен дел од ефикасноста на добриот тренинг. Ако само одите во теретана за да поминете час-два таму и да се чекирате, да направите фотки и слично, џабе одите. Само им пречите на оние кои навистина сакаат да вежбаат.

Мобилниот телефон е голема пречка и може да ви го уништи тренингот. Супер е за да слушате музика или да го следите вашиот напредок преу некоја од фитнес апликациите. Меѓутоа, ако очите и мислите ви се на малиот дисплеј наместо на вежбањето или трчањето, не вежбате правилно, а може и да се повредите. Додека трчате на трака или правите вежби за нозе не е време да си пишувате на чет, да твитате или да гледате смешни видеа. Фокусирајте се на тренингот и оставете го правењето селфи на огледало за откако ќе постигнете резултати со кои може да се пофалите.

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе