Мобилни

Зошто не треба да го чувате телефонот во џеб?

13. февруари 2018 - 19:58 | А.С.

Мобилниот телефон се чини ни е како залепен за дланката, а кога не го држиме во рака, тогаш најчесто ни е во џеб. Тоа е практично, но, дали е најпаметно?

Германското здружение за заштита на потрошувачите вели дека според нивното најново истражување, сопствениците на смартфони треба два пати да размислат пред да го стават телефонот во џеб.

Причината е следна: литуим-јонските батерии  што се користат во смартфоните се чувствителни на топлина. Температура над 35 степени Целзиусови може значително да го скрати векот на траење на батеријата, а телесната температура на човекот е 37 степени Целзиусови.

Исто така, телефонот се лади со циркулација на воздухот, што не се случува кога го чувате во џеб, блиску до вас.

Истото важи и за лаптопите кои се прегреваат ако немаат доволно проток на воздух во куќиштето. Затоа не се препорачува лаптопот да го чувате во скут.

Се препорачува литиум-јонските батерии исто така да ги чувате подалеку од радијатори и други грејни тела и извори на топлина.

Коментирај