Зошто не треба да го држите телефонот в рака кога трчате?

А.С.
/ 15.09.2021 / 16:38

Од нивната појава, смартфоните ни станаа како трета рака, или барем продолжение на едната.

Помислата да го оставите телефонот дома е искрено застрашувачка. Како ќе ги блокирам иритирачките звуци на другите патници во јавниот превоз? Како можам да предвидам дали ќе заврне?

Опсесијата со телефоните се прошири и на трчањето. Телефонот е совршена придружба за џогирање надвор - ви обезбедува музика за да ви го одвлече вниманието и ви помага да ја следите вашата рута. Но, експертите предупредуваат дека не е добра идеја да го држите телефонот во рака додека трчате, бидејќи тоа може да предизвика појава на повреди на колкот и рамото.

Навиката може да создава суптилни нерамнотежи низ телото, што пак може да доведе до затегнување на мускулите на колкот, нозете и рамото. Истото важи и за шишиња со вода, или било што друго што може да го носите во едната рака додека трчате.

Професионалниот тренер на Велика Британија за атлетика, Алекса Дакворт-Бригс, ги повикува луѓето кои трчаат да ги носат ги телефоните на еластичен појас со џебови.

„Кога држите нешто в рака, предметот има суптилни ефекти врз вашето одење. Создава мускулна нерамнотежа, влијае на распределбата на тежината низ вашето тело и ве прави воопшто помалку ефикасен тркач“, вели таа.

„Ова може да се случува секој пат кога тренирате, недела по недела, месец по месец“, забележува експертот. „И сето ова значи дека сте поподложни на притисоци, особено во нозете, колковите и преку рамената“.

Со оглед на тоа дека мобилните телефони стануваат поголеми и потешки, најверојатно ќе има повеќе повреди.

„Луѓето имаат тенденција секогаш да го држат телефонот во иста рака. Тоа е навика“, вели Алекса. „Прашањето овде е во повторувањето на движењето, рацете ви се мавтаат илјадници пати за време на трчање од 30 минути.

„Со тоа што едната рака е потешка, го менувате моментумот на вашите екстремитети. И телото ќе се обиде да ја компензира нерамнотежата ангажирајќи одредени мускули посилно од другите. Таму ќе се појават повреди од истегнување.“

Според експертот, најверојатно ќе забележите проблеми што се манифестираат на спротивната страна на телото од страната на која го држите телефонот. Поради оваа причина, Алекса смета дека појасот на половина е подобра опција од лента на рака или држење на телефонот в рака за време на трчањето.

Другиот ризик од џогирањето со телефон во рака, се разбира, е да го изложите на оштетување доколку ви падне.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Фит

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more
 

Магазин

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе