Живот

Зошто не треба да им го ускратувате играњето на децата со учење на рана возраст?

18. ноември 2019 - 16:25 | М.С.

Ускратувањето на детската игра пречи во развојот на децата. Зошто сакаме децата предвреме да пораснат и да бидат дел од светот на возрасните? Како овој „тренд“ пречи на развојот на децата?

„Стекнувањето академските знаења во градинка нема долгорочни добивки, туку е штетно“, пишува психологот Питер Греј кој се повикува на истражувањата од научниците.

Децата кои ќе научат да читаат и пишуваат уште од предшколска возраст, го губат интересот за учење во четврто одделение и тогаш имаат полоши резулатати за разлика од децата кои не учеле додека биле во градинка.

Исто така, децата имаат полош емоционален и социјален развој за разлика од децата кои во градинка времето го поминувале во игра и забава.

„Говорев на многу конференции за рано учење и често ги слушам воспитувачките како зборуваат дека децата се несреќни затоа што им е ускратена играта. Воспитувачките треба да ја темелат програмата на игра“,  предупредува Греј. 

„Зошто луѓето продолжуваат со овој тренд во кој им ги ускратуваат детските игри и социјалните активности, туркајќи ги децата во светот на возрасните? Моето мислење е дека политичарите коишто ги донесуваат образовните политики се незаинтересирани и арогантни. Тие не ги познаваат децата, ниту пак сакаат да ги разберат наставниците“, истакнува Греј. 

„Порано наставниците можеа самите да направат план за работа на час и да предаваат во зависност од капацитетот и знањете на секое дете различно. Но, во денешно време, наставниците мора да се раководат според планови кои ги донел некој друг- толку часови за ова, онолку за она“.

Психологот се прашува што би се случило кога наставниците би протестирале групно и би биле против новите реформи во образованието.

Коментирај