Ова и самите би им го советувале на вашите пријатели, зошто да не го примените за себе?

Тимот на Cosmopolitan состави листа на причини зошто не треба да му честитате роденден на бившиот, па ние направивме листа зошто треба да ги изоставите честитките и за среќна Нова година, особено ако сте раскинале во текот на оваа година.
Не ви пиша ни тој, зошто да си ставате трн во здрава нога?
Имате конкретна цел или само се чувствувате малку осамено околу празниците?
Нели е крајно време да почнете да гледате кон иднината наместо да го „верглате“ минатото одново и одново?
Нема да бидете „подобрата личност“ ако пратите порака за бидете фини, а другата страна ја протолкува како покана за нешто повеќе (а тоа не ви била намерата).

Пишувањето 84 различни верзии на пораката штотуку одзеде најмалку 84 минути од вашиот живот што никогаш нема да ги вратите.
На крајот на краиштата, не беше ли 2021 година доволно тешка?
И затоа што секогаш постои шанса да добиете одговор, а не знаете што понатаму.