Зошто не треба да пушите цигари во текот на бременоста?

Алкохолот и цигарите се штетни по нашето здравје, но нив особено треба да ги избегнуваат бремените жени.

Бремените жени коишто пијат алкохол и пушат цигари во текот на бременоста, имаат 12 проценти поголеми шанси нивното дете да добие алергиска реакција, пишува The Sun.

Новата студија покажува дека бебињата кои се изложени на цигари и алкохол по првото тримесечје од бременоста, имаат поголем ризик од Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (SIDS).

Ова истражување е спроведено во Велика Британија откако лекарите открија дека дури 4 од 10 бремени жени пушат цигари во текот на целата бременост.

Тим научници од САД и Јужна Африка следаа резултати на скоро 12.000 бремени жени во период од 2007 и 2015 година.

Жените беа од подрачјето на САД и Јужна Африка, а овие земји се избрани поради високиот број на смрт на новороденчиња.

Синдромот SIDS е изненадна смрт која се јавува кај деца помлади од година дена. Истражувачите открија дека во период од една година починале 66 новороденчиња, од кои 28 случаи биле поради SIDS и 38 смртни случаи од други причини.

Опасноста од SIDS е 12 пати поголема поради пушење цигари и консумирање алкохол во првото тримесечје од бременоста, а ризикот се зголемува за 4 пати кај новороденчињата чиишто мајки продолжуваат да консумираат алкохол и да пушат цигари и по првото тримесечје.

Овие ризици беа споредени со ризиците кај новороденчињата кои не се изложени на цигари и алкохол, а нивните мајки до крајот на првото тримесечје престанале да консумираат алкохол и да пушат цигари.

Затоа, лекарите укажуваат на тоа колку опасности имаат овие пороци за здравјето на бебето и апелираат бремените жени да се информираат околу ова прашање за да го заштитат здравјето на бебето, но и нивното здравје.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе