Зошто не треба да трчате со мобилниот в рака?

А.С.
/ 22.03.2023 / 11:24

Решивте да го зголемите нивото на физичка активност и да го доведете телото во топ форма. Трчањето е одличен избор на активност.

Денеска се достапни најразлични апликации што го мерат нивото на физичка активност, колку сте истрчале, со какво темпо, колку калории сте потрошиле... и сето тоа е достапно на вашиот смартфон.

Исто така, многу луѓе сакаат да се забавуваат со музика додека трчаат и составуваат свои плејлисти за мотивација.

Без разлика дали менувате песна на плејлиста или проверувате колку калории имате потрошено, тоа значи дека мобилниот ви е в рака додека трчате.

 

Оваа навика може да се одрази негативно на вашите фитнес резултати, но и на телото.

Просечниот смартфон тежи од 140 до 200 грама. Иако можеби тоа не ви се чини како многу, и најмала нерамнотежа во распределбата на тежината додека трчате може да има влијание, особено ако притоа и ја стискате дланката за да го држите уредот в рака.

 

Кога трчате, целта е да одржите доследен ритам. Еднаквата распределба на тежината и замавнувањето со рацете овозможуваат рамномерно трчање. Кога имате нешто в рака, тоа предизвикува асиметрија во држењето на телото, а со тоа и на движењето при трчање.

Телото ќе се обидува цело време да ја надомести тежината на спротивната страна од онаа каде натежнува телефонот, што дополнително ги оптоварува мускулите. Тоа може да доведе до напрегање и повреди, особено на рамената, колковите и колената.

Исто така, ако го држите телефонот во рака, ви го одзема вниманието и фокусот од трчањето, а исто така го зголемувате ризикот да ви падне и да се оштети, што ќе ви предизвика само дополнителен стрес и трошоци.

Решение?

Пред сѐ, посветете се на трчањето. Тоа не е време да проверувате нотификации или да зборувате на телефон. Составете плејлиста која ви одговара на стилот и темпото на трчање и во која нема да мора да „скокате“ песни.

Оставете сѐ што можете дома или во автомобилот пред да почнете со трчање. Инвестирајте во несесер-торбичка за на појас ако мора да носите клучеви или пари со вас.

За да може да слушате музика и да ги следите инструкциите на апликацијата за трчање, за смартфонот набавете футрола што се става на надлактицата, како и квалитетни слушалки за трчање кои нема да ви паѓаат и да ви го одземаат вниманието.

 

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе