Зошто не треба премногу долго да седите на веце шолја?

Ако имате навика да играте на мобилниот телефон додека седите на веце шолјата, оваа приказна можеби ќе ве разубеди.

Маж од Џунгшан, Кина завршил во болница откако по долго седење на веце шолјата добил пролапс на ректумот, што подразбира паѓање на ректумот и аналниот канал.

Откако бил примен во болница, на лекарите им кажал дека половина час се обидувал да ги испразни цревата и дека за тоа време играл на мобилниот телефон.

Докторите велат дека несреќниот човек доживеал пролапс на ректумот во должина од 16 сантиметри, но по успешниот гастроинтестинален зафат сѐ било вратено на место.

„Пациентот имал пролапс на ректумот од четири години, но отокот претходно сам се повлекувал. Бидејќи со текот на годините не се лечел, ситуацијата му се влошила“, изјави еден од неговите доктори.

До пролапс доаѓа кај луѓе со лабав мускул сфинктер, што може да биде предизвикано од повреда, хроничен запек, инфекција, појава на паразити во гастроинтестиналниот тракт или поради оштетување на нервите.

Во таква ситуација ректумот се откачува и буквално паѓа од анусот.

Оваа проблематична состојба погодува двајца на 100.000 луѓе и најчесто се јавува кај луѓе постари од 50 години и е почеста кај жените отколку кај мажите.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе