Зoшто не ви чини Wifi-то и како да го поправите?

Најчесто си плукате по лошата брзина, пречките при гејмање и слабото покревање на конекцијата, а ако сте тотален лаик или технофоб 100% си мислите дека дебело треба да платите за да го поправите wifi-то.

Wifi-то само по себе не е лошо, ама верувајте секому му се случило да има лошо искуство со него. Главниот проблем е дека повеќето од нас го користиме рутерот од нашиот интернет провајдер. Не дека тие рутери се за никаде, но повеќето не се дизајнирани со многу опции.

Иако се направени да се справат со неколку направи истовремено тоа не е дефиниција за преоптовареност. Вие имате компјутер, лаптоп и телефон, помножено со членови во семејството по минимум два смарт уреди и толку му е душичката.

Уште полошо е кога еден или повеќе од уредите не се баш најмодерни. Основните рутери имаат само една антена што пак значи дека користите само една фреквенција. Ако имате еден нов и еден стар уред, рутерот ќе мора да се прилагоди на брзината на постариот уред и да ги поддржи неговите барања пред да се префли на помодерниот.

Иако овие подесувања настануваат во само дел од секундата сето тоа влијае на брзината. Компјутерите комуницираат илјадници пати во секунда и секое прилагодување на нови барања придонесува до побавен интернет.

И сега?

Најдоброто решение е таканаречениот mesh-style networkситем кој претставува користење на два, три или повеќе мини рутери низ вашиот дом. Тие се помалку моќни, но заедно можат многу полесно да се справат со сите ваши уреди.

Чиста физика на телекомуникацијата: ако побавниот уред се приклучи на еден рутер тој ќе го забави само тој рутер.  Полуксузните рутери самите имаат повеќе антени, па подджувањето на постариот и поновиот уред истовремено нема воопшто да биде проблем. На вас останува да одлучите колку време, но и пари, ќе одвоите за ваша мирна глава.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе