Зошто неандерталците воопшто не личат на современиот човек?

Ако направите споредба помеѓу неандерталците и современите луѓе ќе видите дека тие се многу различни од нас. Тие имале крупни веѓи, огромен нос и големо лице кое било испакнато нанапред. Но, зошто нивните лица биле толку различни од нашите?

Неандерталецот и современиот човек (Homo sapiens) потекнуваат од ист предок кој живеел пред околу 700.000 до 900.000 години. По оваа поделба, двата вида продолжиле по својот еволутивен пат, двата различни еден од друг.

Од фосилите кои се пронајдени е утврдено дека неандерталците не изгледале како современиот човек, иако ги имале сите важни човечки карактеристики. Тие биле пониски, со поширока градба и физички многу посилни од човекот. Палеонтолозите веруваат дека оваа разлика е наследена од нивните предци, но дека различните лица се резултат на нешто сосем различно.

Новото истражување објавено во Proceedings of The Royal Society B вели дека лицата на неандерталците се менувале по процес на еволуција, односно еволуирале на тој начин што го правел нивното лице поотпорно на тешкиот живот за време на Леденото доба.

Во истражувањето беше потенцирано дека три клучни работи придонеле за промената на нивните лица: користењето на забите и вилицата како алати, пошироките ноздри и поширокиот респираторен систем. Неандерталците ги користеле забите за џвакање на сирово месо и коски, па затоа устата и долната вилица еволуирале на тој начин. Пошироките ноздри им овозможувале да го загреат воздухот во ладната клима, додека поширокиот респираторен систем им овозможувал да земат поголем здив кој им бил корисен додека работеле тешка физичка работа. За сметка на тоа, беше проценето дека просечниот неандерталец трошел помеѓу 3.500 до 4.400 калории на ден.

Во текот на истражувањето беа направени и 3-Д слики од проценетиот изглед на черепот на просечниот неандерталец, а научниците кои работеа на ова истражување велат дека тоа е многу важно за подобро разбирање на овој изумрен вид.

„Нашата 3-Д реконструкција овозможи да ги видиме првите целосни модели на черепот на неандерталецот, а покрај тоа, во реконструкцијата можат да се видат и внатрешните органи и мускули“, рече Стивен Вро, главниот автор на ова истражување.

Иако неандерталците на прв поглед изгледаат како недоволно еволуиран човек, сепак тие се многу блиски со однесувањето до модерниот човек. Тие биле првите уметници на светот, имале разновидна исхрана и ги закопувале мртвите на истиот начин на кој ние го правиме тоа денес.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе