Досегашните истражувања покажаа дека нашиот имун систем поинаку реагира на оваа болест од вообичаената реакција.
Имуниот систем кај некои пациенти реагира сосем невообичаено, па кога одредени молекули и клетки не можат да се изборат со вирусот, телото ги вклучува сите одбранбени механизми кои му се на располагање. Токму таа неконтролирана реакција може да ги оштети здравите ткива, пишува New York Times.
„Видовме некои чудни работи во различни стадиуми на инфекцијата“, вели Акико Ивасаки, имунолог од Универзитетот Јејл, еден од авторите на поновите студии.
На другите, вообичаени вируси како грипот имуно системот реагира така што директно го наоѓа натрапникот и го напаѓа, така купува време за вистинската реакција на телото. Тој прв одговор зависи од молекулите наречени цитокини, а настануваат како одговор на вирусот.
Овие микро-аларми потоа местото им го отстапуваат на антителата и Т-клетките кои за цел ги имаат вирусот и клетките нападнати од вирусот. Но, оваа метода е неуспешна кај заболените од COVID-19.
Меѓутоа, цитокоините во одредени случаи не престануваат по првото предупредување да го алармираат организмот, дури и кога антителата и Т-клетките ја преземат својата улога. Тоа значи дека почетната реакција не престанува дури и кога веќе не е потребна.
Можеби токму поради невообичаената реакција кај некои пациенти болеста трае подолго, бидејќи вирусот е во состојба да го измами имунолошкиот одговор. Поради тој аларм кој не престанува, нашето тело реагира посилно и се напаѓа себеси.
Докторите велат дека тоа е енигма, организмот има силен одговор, а вирусот сепак се размножува.
Експертите велат дека е можно пациентите со поблага реакција да реагираат така што телото се бори против вирусот кој ги напаѓа клетките, а проблем е тоа што кај потешките случаи телото се однесува како да е нападнато од паразит. Имуно системот не умее да го пронајде вистинскиот пат до вирусот и да го неутрализира. Таа конфузија се пренесува и на Б и Т-клетките кои треба да соработуваат и да се обрат против болеста. Делува како да коронавирусот ги спречува овие клетки да соработуваат.
Затоа експертите советуваат ресетирање на имуно системот, терапија кога би го вратила балансот. Предизвик за лекарите е да ја запрат реакцијата на цитокин на почетокот на инфекцијата, а не сосема да го запрат одговорот на организмот на инфекцијата.